ОРГАНСКИ БИСКВИТИ ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА, ДОСТАПНИ ВО МАРКЕТИТЕ НА ДМ

Мирјана Мицоска: развој на говор кај децата

Развојот на говорот ја поттикнува социјализацијата и се потпира врз когнитивниот и социјалниот развој.

Децата слушаат звуци од надворешната средина додека се се’ уште во мајчината утроба. Почнувајќи од 26-тата недела од ембриогенезата ( развојот на детето во мајчината утроба) плодот веќе слуша.

Потполното созревање на слушните патишта се одвива по самото раѓање во услови на постојано стимулирање со најразлични звучни импулси којшто доѓаат од околината и го дразнат органот за слух. Првите 36 месеци од животот се сметаат како најважни во развитокот на говорот и јазикот.

Говорот е поврзан со севкупниот развој на детето, а посебно со развојот на мисловниот процес. Тоа е комплициран психофизички процес кој се развива на основа на биолошки и психолошки фактори. Говорот е важен фактор за развој на личноста и социјализацијата.

Услови за развој на говор

За правилен развој на говорот мора да бидат исполнети одредени услови. Основа за тој развој е здрав нервен систем со интрактни говорни центри и нервни врски помеѓу нив, чија задача е следење на говорниот апарат.

Освен тоа мора да бидат правилно и добро развиени и психичките функции како што се: внимание, запазување, мислење и помнење. Сетилата мора да бидат развиени, а говорниот апарат здрав.

Почетокот на говорот е на околу 15 месечна возраст.

Прва година

Во првата година имаме фаза која ја нарекуваме “подготвителен предфонетички период”. Има повеќе нивоа и тоа:

Период на обликување на говорот

Некои деца веќе првиот збор го кажуваат во осмиот или деветтиот месец ( најмногу од децата во единаесетиот или дванаесетиот ). Тоа е процес на усвојување на изрази кои се поврзани со најосновните потреби и чувства на детето.

Секој израз ја обележува севкупната ситуација. За првиот збор зборуваме кога врската помеѓу зборот и личноста или предметот е логична.

Првите зборови означуваат мисли или речници и ги нарекуваме “монореми”  (реченица – збор). Тоа е период кога детето заради недоволно развиен слушен центар не може прецизно да ги репродуцира зборовите.

Причината за тоа е што моторичкиот дел од детскиот говор е послабо развиен отколку сензорскиот – детето разбира многу повеќе отколку што може да каже. Периодот на првиот говор почнува помеѓу 15-тиот и 18-тиот месец на староста .

Тоа е време кога детето е веќе постабилно и не е веќе толку зафатено со одење. Детето тогаш разбира дека секој збор има точно одредено значење. Станува љубопитно  прашува : “ што е тоа?” Тоа прашање секогаш им го поставува на возрасните и со тоа ги опоменува на својата се почеста потреба за говорно изразување.

При крај на третата година нормално развиено дете ги разликува сите гласови, дури и оние кои се’ уште не ги артикулура правилно. Го разбира говорот и зборува, но очигледна е разликата помеѓу разбирање на говорот од другите во споредба со сопствените говорни активности.

  Мирјана Мицоска, клинички логопед – специјалист 

Exit mobile version