Разлики помеѓу сезонски грип и коронавирус

Разлики помеѓу сезонски грип и коронавирус

Знаците и симптомите на коронавирус  и сезонски грип се многу слични, речиси исти. Но, постојат и суштински разлики кои треба да ги знаеме.

Прва голема разлика помеѓу сезонски грип и COVID-19 е инкубацискиот период.
Кај COVID-19, иако истражувањата се’ уште се во тек, констатирано е дека потребни  се околу 5 до 14 денови  за да почувствувате симптоми, односно да се почувствувате болни. Тоа е инкубациски период кој трае од денот на инфекција до пројавување на првите симптоми на болеста и за време на овој период вие сте заразни, но не сте свесни за тоа. За разлика од коронавирусот, кај сезонскиот грип инкубацискиот период трае сосема кратко, околу 2 дена при што веќе чувствувате симптоми и знаете дека сте заразни.

Имуниот систем на ниту еден  човек до сега немал контакт со коронавирусот и нема природен имунитет за него. Меѓутоа, во сезона на грип постои одредена бројка на луѓе кои веќе се имуни на грипот или поради тоа што се вакцирани или поради тоа што веќе еднаш биле болни таа сезона од грип. Во таков сличај, личноста која е болна од грип може да зарази друга личност,само доколку таа не е имуна.
Затоа многу е важна вакцината против грип, бидејќи  така  се гради колективен имунитет  и колку повеќе луѓе се вакцинирани, толку е помала можноста од ширење на грип.
Но, COVID-19 е нов вирус и за научниците, како и за популацијата, така што скоро секоја личност на планетата е изложена  на ризик за зараза од коронавирус . Поради тоа вирусот брзо и непрекинато се шири  и  претставува закана и ризик за сите нас, особено повозрасна група на луѓе над 60 години, луѓе со хронични болести, имунодефицитни пациенти.

На светско ниво само 2% од заболените од сезонски грип се хоспитализираат, овие проценти за COVID-19  изнесуваат 20-31%. Научниците претпоставуваат дека дури до 60% од популацијата во светот може да се зарази со коронавирусот и дека пандемијата ќе заврши со колективен имунитет .

Поради податокот дека вирусот се’ уште се испитува и нема вакцина за него, единствената заштита која ја имаме против него е социјална дистанца и изолација. Секој од нас може да отстапи од континуираниот ланец на зараза и да остане здрав, не преку имунитет, туку преку социјално дистанцирање и самосвест.

Категории

Коментари