Расположението е „гориво“ што го движи телото

Расположението е „гориво“ што го движи телото

Расположението е гориво што го движи телото низ денот, низ месеците, низ годините.

Постојат денови во кои целиот свет ни е на дланка, ден кој не дарувал со сите моќи потребни за да постигнеме сѐ што сакаме. Тој ден нашето расположение ја доживува својата експанзија благодарение на високата енергија.
Но, постојат денови кога секој звук ни создава нервоза, секој сончев зрак е пекол за душата и мислите.

Постојат фактори кои влијаат на нашето дневно расположение:
  1. Започнувањето на утрото. Првата утринска мисла, благодарноста кон она што го имаме и внесување на свежо цеден сок се првите моменти што го најавуваат убавото расположение.
  2. Луѓето што ве опкружуваат. Доколку вашата околина е полна со луѓе кои постојано се жалат и се ставаат во кожата на жртва, постојат големи шанси лошото расположение незабележливо да се „всели“ и во вас. Некогаш е подобро да го поминете времето сами и со активности што вам ве прават среќни отколку да поминувате време во негативна околина.
  3. Надворешниот изглед. Доброто расположение се крие и во облеката во која се чувствувате пријатно, во среденото лице и коса.
  4. Прифаќањето на информаците кои не ни се допаѓаат. Полесно е да се изговори отколку да се примени. Не секогаш слушаме информации кои се музика за ушите. Прифаќањето на информациите кои не се пријатни и наоѓањето нешто добро во нив може до извесно ниво да го спречи паѓањето на расположението.
  5. Правењето на активности што го подобруваат расположението. Секој заслужува да се чувствува убаво. Купување на работи што предизвикуваат среќа, вкусен оброк крунисан со вкусен десерт, одмор далеку од дома и други активноста кои ви предизвикуваат задоволство и го подобруваат расположе-нието.

Даниела Ангелова

Коментари