Лабараторија и дијагностикаМалигни болестиСтручна Помош

д-р Јасмина Лазарова: Радиотерапија на глава и врат и орална нега

Ракот на глава и врат е присутен со 5% од сите видови малигни заболувања (промени), а во 2018 година беа регистрирани 887 649 нови случаи, од кои 453 307 (завршија летално, смртни случаи).

Ризик фактори се сите фактори кои ја зголемуваат шансата за појава на рак. За најмалку 75% од рак на глава и врат, главни причинители се тутунот и алкохолот. Останати: возраст, пол, изложеност на сонце, вируси (HPV, EBV) и друго.

Додека зрачењето помага во третман на рак на глава и врат, не ретко може да има сериозни и несакани последици за оралното здравје на пациентот како што се појава на ксеростомија и хипосаливација (сува уста и намален проток на плунка).

Веројатноста да добиете инфекција во период на радиотерапија е поголема, а несаканите ефекти можат да предизвикат потешкотии при џвакање, голтање или зборување.

Кај некои пациенти проблемите во уста после радиотерапијата може да исчезнат, кај други да траат долго време, додека кај некои може никогаш да не исчезнат.

Реклама biskviti za deca

 

1. Како радиотерапијата влијае во устата?

  • Докторите го користат зрачењето на главата и вратот за да ги убијат канцер клетките, но истовремено доаѓа до уништување и на нормалните клетки. Не саканите ефекти вклучуваат проблеми со забите, гингивите, плунковите жлезди и коските.

2. Кои се најчестите несакани ефекти во уста кои настануваат како резултат на радиотерапија на глава и врат?

  • Ксеростомија или појава на сува уста, губење на вкус, намален проток на плунка, појава на кариес и инфекции.

 

3. Како да спречите појава на сериозни проблеми ?

  • За да спречите појава на сериозни проблеми посетете стоматолог најмалку еден месец пред почеток на терапија.

4. Зошто треба да посетам стоматолог пред почеток на радиотерапија?

  • Затоа што многу проблеми во устата, настануваат поради не ненавремена контрола и утврдување на статусот во устата. Не сите проблеми можат да се избегнат, но веројатноста за настанување на несаканите ефекти е многу помала.

 

5.  Што рутински се прави на посетите кај стоматолог?

  • Детален преглед, чистење на забен камен и наслаги, поправање на заби со кариес, рентген – за да се видат корените и нивни евентуални промени, како и едукација за правилна орална хигиена, особено во период на радиотерапија на глава и врат.

 

*Совети* за како полесно да се надминат и да се третираат несаканите ефекти во уста како резултат на радиотерапија на глава и врат

 

  • Одржувајте ја вашата уста влажна – пијте многу вода – останете хидрирани, четкајте ги забите секое утро, навечер и после секој оброк со мека четка и флуоридна паста, користете антибактериски средства за плакнење, гуми за џвакање без шеќер и вештачка плунка која е замена за вашата плунка. Консултирајте го вашиот стоматолог ако ви треба помош околу изборот.

Јадете влажна и мека храна. Изберете храна што е добра за вас, и лесно се голта. Ако имате проблеми со голтање, омекнете ја со супа, јогурт или други течности. Земајте мали залчиња, џвакајте полека и пијте течности со вашите оброци. Бидете особено внимателни со: остра, крцкава храна како чипс, топла и зачинета и избегнувајте алкохол и цигари.


д-р Јасмина Лазарова, дипломиран стоматолог

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button