Малигни болести

Како да ги препознаете првите знаци на леукемија?

Леукемијата е карцином, кој започнува во органите кои ја создаваат крвта, главно коскената срцевина и лимфниот систем. Во зависност од специфичните карактеристики, леукемијата може да се подели на два големи типови: акутна и хронична. Акутните леукемии се брзонапредувачки леукемии, додека хроничните леукемии напредуваат бавно. Поголемиот дел од детските леукемии се од акутна форма.

Како да ги препознаете првите знаци на леукемија?

1.Точкести крвавења и поголеми крвни подливи на кожата и видливите слузници

  • најчесто се јавуваат на градите, грбот, лицето и рацете,
  • последица се на намалениот број на тромбоцитите (тромбоцитопенија),
  • честа е појавата на крвавење од носот или епитакса.

2.Болка во коските и зглобовите

  • се јавуваат како остри или поблаги болки во зависност од локализацијата,
  •  најчесто се јавуваат на долгите коски на нозете и рацете.

3.Зголемени лимфни јазли или лимфаденопатија

Реклама
  • честа, но не е секогаш присутна појава,
  • најчесто се јавуваат на вратот, во пазувите и препоните.

4.Појава на чести температури и инфекции

  • често се резултат на намален број бели крвни клетки кои го штитат организмот од инфекции.

5.Необјаснето губење на тежина

  • намален или изгубен апетит е честа појава,
  • може да биде придружено со голем замор и слабост.

6.Болки и надуеност во стомакот

  • хепатоспленомегалија, што често се манифестира со тежина, болка и чувство на исполнетост под ребрата,
  • кај некои луѓе се манифестира како болка во долниот дел од грбот,
  •  гадење, повраќање и губење на апетитот.

7.Слабост и изнемоштеност

  • анемијата придружена со слабост, изнемоштеност, замор, поспаност, срцебиење,
  •  симптоми како глад за воздух, страв и немир сигнализираат акутно крвавење.

    AM

Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button