Прва помош при шокова состојба

Прва помош при шокова состојба

 

Шокот претставува општо нарушување на состојбата на повредениот, предизвикано од пореметување на циркулаторниот систем поради што виталните ткива и органи недоволно се снабдуваат со кислород и хранливи материи.

Најчести причини за појава на шок се: изгореници, голема загуба на крв и течности, срцева слабост, алергиски реакции, инфекции, хипогликемија итн.

 

Препознавање на шок:

1.На почетокот

  • Бледа и студена кожа, оросена со леплива пот;
  • Забрзан пулс поради забрзана работа на срцето.

2.Како се развива шокот:

  • Крајни делови од телото( усни,уши итн) добиваат темносина боја;
  • Општа слабост и малаксаност;
  • Површно дишење;
  • Мачнина, гадење, повраќање;
  •  Жед;
  • Вртоглавица, слабост и слаб пулс.

3.Со намалување на снабдувањето со кислород на мозокот:

  • Болниот станува апатичен;
  • Проѕевање, неправилно дишење, повредениот се бори за воздух;
  • Губење свест;

4.Престанок на дишењето и работата на срцето

Внимание!

НЕ му давајте на повредениот да јаде, пие или да пуши. Доколку се жали на жед, навлажнете ги неговите усни со газа натопена во вода.

НЕ го оставајте повредениот сам, освен кога треба да повикате помош.

Ако повредениот изгуби свест, отворете го дишниот пат и проверете го дишењето.

Прва помош:

Мерки за спречување на шокот треба да се превземат пред истиот да се појави. Третманот на шок има за цел да ги одржи виталните функции- работа на срцето и дишењето.

1.Третирајте ги причините кои довеле или може да доведат до шок ( сопирање на обилно крварење, третман на  изгореници и сл.)

2.Легнете го повредениот на грб (доколку е можно, поставете изолација од студената подлога)

3.Постојано комуницирајте со повредениот

4.Поставете го повредениот во шок-положба. Подигнете ги и нозете на повредениот над висина на срцето, со цел да се пренасочи крвта кон виталните органи. Внимавајте на можни затворени скршеници на нозете. Доколку постои повреда на градниот кош, повредениот се поставува во полуседната положба.

5.Олабавете ја тесната облека (особено околу вратот и градите) и одржувајте ја топлината на телото(покријте го).

6.Повикајте Итна медицинска помош 194.

7.Продолжете да ги следите виталните знаци. Бидете подготвени за срцево-белодробно оживување доколку повредениот западне во бессознание и престане да дише.


ам

Коментари