Прва помош

Како да пружите прва помош доколку некој има епилептичен напад?

Приоритет кај пациент со епилептичен напад е да се спречи пациентот да се повреди за време на нападот.

Многу е важно детално да се опише видот на нападот. Тоа ќе му помогне на лекарот што го лекува пациентот да утврди соодветна терапија.

  • Ако сте со пациент што има напад, помогнете му да се смести во кревет или на подот, а потоа ставете перница, ќебе или друг мек предмет под главата.
  • Облеката на пациентот треба да се олабави и да се отстранат сите остри или тврди предмети од околината.
  • За време на нападот, потребно е да бидете подготвени за интервенција во случај на компликации (респираторни или кардиоваскуларни).
  • Доколку нападот трае повеќе од 5 минути, повикајте брза помош.

На што да внимавате

Знаењето што НЕ треба да се прави е исто така важно за безбедноста на лицето за време или по нападот.

Никогаш не правете ниту една од следниве работи:

  • Не држете го лицето и не обидувајте се да ги запрете неговите или нејзините движења.
  • Не ставајте ништо во устата на лицето. Ова може да ги повреди забите или вилицата. Лицето кое има напад не може да го голтне својот.
  • Не обидувајте се да давате вештачко дишење. Луѓето обично почнуваат да дишат самостојно по нападот.
  • Не нудете му на лицето вода или храна додека е во шок од нападот.

Реклама biskviti za deca
Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button