Совршена замена за високо калоричните палачинки. Превкусен доручек или десерт. Исто така се и многу лесни за подготвување.
Состојки:
- 2 јајца
- 20g протеински прав
- 40g овес
- ½ банана
- 50ml нискомасно млеко
Начин на подготовка:
1.Во блендер изблендирајте ги сите состојки заедно.
2.Пржете на нелплива тава на средно-висока температура по 1-2min од едната страна и уште 30s-1min од другата.
Здрава нутела:
- 30g нискомасен грчки јогурт
- 5g какао
- засладувач по вкус
- + 80g шумско овшје за сервирање
Нутритивни вредности:
Калории: 472 Јаглехидрати: 42g Масти: 15g Протеини: 37g
Други здрави и вкусни рецепти може да пронајдете на мојот инстаграм профил: https://www.instagram.com/the_fitnesscook/
Мануел Трајчев