Како да препознаете добар протеински бар
Изборот на протеински барови на пазарот е огромен, но не сите протеински барови се здрави и со богата нутритивна вредност. Запаметете, сите протеински барови не се создадени исто – токму затоа ќе ви посочиме 5 правила кои важат за добрите протеински барови.
Правило #1: Шеќерот не е основната состојка на добар бар
Повеќето купувачи не ги ни забележуваат сите состојки, во листата бараат и ги читаат само вредностите за калории и протеин, иако и јаглехидратите се неизбежна состојка во овие барови. Шеќерите имаат голем број на различни имиња и лесно е да се манипулира со нив – состојките како декстроза, јаворов сируп, мед, агаве сируп, пченкарен сируп со фруктоза и слични, означуваат шеќер.
Ако сакате да бидете сигурни дека барот е навистина здрав, забележете кои се неговите основни состојки – односно дали има извор на протеин, дали содржи овошје или зеленчук, како и здрав извор на масти, како јаткасти плодови. Кога протеините, мастите и јаглехидратите се конзумираат со влакна (кои ги има во житарките или овошјето) им треба подолго време да се сварат во организмот, во споредба со простите шеќери, па така ќе се чувствувате заситени подолго. Вредноста на овие основни состојки, всушност, ги разликува протеинските барови од баровите за ужинка.
Правило #2: Добрите протеински барови содржат 10 или повеќе грама протеин
Најважно е како планирате да го користите барот: доколку го користите барот како протеински додаток или замена за оброк, ќе треба да внесете 10 до 15 грама протеин, а доколку е директна замена за протеин, тогаш ви е потребен бар кој содржи 20 или повеќе грама протеин. Главната состојка на баровите би требало да биде некаков извор на протеин – изолат на сурутка, казеин, грашок или протеин од јајце се најдобрите високо квалитетни опции. Протеинските барови на PhD од линијата Smart Bars во себе содржат микс од протеинска мешавина што ги става на првото место на листата на најдобри протеински барови во Македонија.
Правило #3: Целете кон помалку од 15 грама шеќер
Како што веќе напоменавме, голем број од баровите по својот состав се како чоколатца, односно имаат поголема количина на шеќер отколку протеин. Но, има и барови кои во својот состав имаат помалку од 10 грама шеќери. Такви се PhD Smart Bar протеинските барови, кои имаат од 0,4 до 2,1 грама шеќер, а 20 грама протеин. Доколку барот содржи повеќе од 10 грама шеќер, важно е поголемиот дел да е природен извор на шеќери како лактоза. Лактозата од млечните продукти и фруктозата од овошјата се врзуваат со останатите нутриенти кои ги внесувате преку овошјето и млечните производи, како што се витамин Ц, калциум или калиум, кои му помагаат на телото да функционира. Рафинираните шеќери не се врзуваат со ниту една хранлива состојка и го зголемуваат ризикот од здравствени проблеми, како срцеви удари.
Правило #4: Внимавајте на содржината на шеќерен алкохол
Шеќерните алкохоли се категорија на вештачки засладувачи. Некои од баровите содржат ксилитол, исомалт или глицерол и може да се најдат во барови означени “без шеќер”. Во зависност од количината, кај некои луѓе може да предизвикаат проблеми во стомакот, односно потешко да се дигестираат. Доколку протеинскиот бар не ве заситил, а чувствувате потреба за празнење, веројатно не би требало да го конзумирате.
Правило #5: Конзумирајте протеински барови со помалку од 400 калории
Добрите протеински барови би требало да бидат суплементи, односно, да ја надополнат вашата исхрана, како протеинските шејкови или мултивитамините. Тие имаат за цел да ве снабдат со хранливи материи, протеини или калории кои инаку не ги внесувате поради пропуштање на оброци. Ако барот има повеќе од 400 калории, тоа се дури повеќе калории и од сендвич со плескавица.
За да направите вистински паметен избор, добро информирајте се и прочитајте ги вредностите на состојките во барот.
PhD Smart Bar-овите може да ги најдете во продавниците на dm, La Noi, маркетите на Гранап и продавницата Healthy Store.
М.Д