ОРГАНСКИ БИСКВИТИ ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА, ДОСТАПНИ ВО МАРКЕТИТЕ НА ДМ

Што се пробиотици, како делуваат и како да ги избереме вистинските?

Светската здравствена организација ги дефинира пробиотиците како “живи микроорганизми кои во соодветни количини позитивно влијаат врз здравјето на домаќинот”.

Клиничките испитувања докажале дека пробиотиците имаат важна улога во третман и спречување на дијареа при антибиотска терапија.

Како делуваат пробиотиците?

Пробиотските бактерии се натпреваруваат со штетните, патогени бактерии за хранливите материи и просторот за живот во цревата.

Така, од една страна на патогените бактерии им ги одземаат хранливите материи, а од друга страна го завземаат местото во цревата кое инаку би го населиле патогени бактерии.

Покрај тоа, пробиотските бактерии излачуваат и таканаречени бактериоциди. Тоа се молекули кои делуваат антимикробно против штетните бактерии и ја нарушуваат сигнализацијата помеѓу патогените бактерии. Како на тоа резултат на тоа не можат да функционираат толку хармонично.

Пробиотиците исто така го стимулираат имунолошкиот одговор, кој поефикасно делува на причинителите на болести.

Како да го изберете вистинскиот пробиотик?

При изборот на пробиотик, прво треба да се земе предвид дека секоја бактерија не е пробиотик. За да може да се тврди дека некоја бактерија има пробиотски својства, постојат многу строги и јасно дефинирани правила.

Само квалитетни пробиотици може да обезбедат корисен ефект на организмот и затоа кога купуваме пробиотик мораме да внимаваме на повеќе фактори.

Најважно е да се направи правилен избор на пробиотик, при што е многу важно да избереме соодветен бактериски сој.

Бактериите во рамките на истите видови се класифицирани во различни подгрупи, таканаречени бактериски соеви, кои обично со означени со комбинација на букви и броеви.

Нивоата на корисни пробиотски бактерии се разликуваат меѓу бактериските соеви.

Затоа е многу важно да купувате пробиотици од докажан производител чии производи се фармацевтски проверени и кои гарантираат дека доволен број на пробиотски бактерии ќе преживеат до крајот на рокот на употреба.

Исто така, пробиотиците треба да ги чуваме како што е пропишано во упатството од производителот и да го почитуваме рокот на употреба што е наведен на пакувањето.

Од сите пробиотици најиспитуванa е пробиотската бактерија Lactobacillus rhamnosus GG. Докажано е дека лечи акутна дијареа (кај децата го скратува времетраењето на акутната дијареа на еден ден) и спречува појава на гастроинтестинални нарушувања поради земање на антибиотици.

Покрај Lactobacillus rhamnosus GG, висок степен на препораки од страна на експертите во лечење на акутна дијареа кај деца и спречување на дијареа предизвикнана од третман со антибиотици има и пробиотската габа Saccharomyces boulardii.

Природни пробиотици

Тука спаѓаат:

Пред да одлучите кој пробиoтик ќе го одберете, добро е да знаете какви ефекти имаат врз здравјето. Потрудите се да изберете производ кој е докажано ефикасен за вашите проблеми.

Ако не сте сигурни, посоветувајте се во вашиот лекар или фармацевт.

Доколку сакате да прчитате нешто повеќе и за пребиотиците, тоа може да го направите тука.

Exit mobile version