Лекови и суплементи

Зошто е препорачливо бремените жени да земаат пробиотици

Бременоста е сигурно едно од највозбудливите и најпосебните искуства во животот на жената. За време на бременоста, имуните и метаболичките функции на ова мало суштество зависат од мајката.  Затоа исхраната на мајката е тесно поврзана со здравјето на детето.

Која е улогата на микрофлората?

Микрофлората на дигестивниот и вагиналниот систем на идната мајка игра голем број важни улоги. Влијаат на имуните и метаболичките функции на бебето, особено во раниот негов живот, а можеби дури и во матката.

За време на раѓањето и првите неколку дена од животот, цревото на новороденчето е населено со бактерии. Затоа бебињата родени вагинално, природно се изложени на микрофлората на мајката многу рано.

Микрофлората на новороденче се развива многу брзо по раѓањето и значително зависи од:

  • генетските фактори
  • видот на раѓање (царски рез или вагинално раѓање),
  • составот на микрофлора на мајката,
  • диетата
  • влијанијата на животната средина

Иако со години сметавме дека мајчиното млеко е стерилно, научниците докажаа дека содржи одредени видови бактерии и тие успеале да изолираат добри, пробиотични бактерии од мајчиното млеко.

Реклама biskviti za deca

Покрај тоа, докажано е дека постои разлика во составот на микрофлората на деца кои се хранат со  доење и оние кои се хранат со формула за новороденчиња.

Децата кои не се исхрануваат со доење може да бидат повеќе склони кон инфекции, заразни заболувања и со зголемен ризик од развој на алергии.

Како можат пробиотиците да бидат корисни во бременоста?

Благодарение на голем број истражувања за важноста на микрофлората на мајка и дете, сега знаеме дека пробиотиците имаат корисен ефект а за време на бременоста и раниот период по раѓањето на бебето.

Затоа, можеме да кажеме дека внесувањето на пробиотици во бременоста може да има далекусежни ефекти врз здравјето на мајката и детето. Предност треба да се даде на пробиотици со високи дози кои содржат повеќе видови бактерии.

Од особен интерес се студиите кои покажуваат како функционираат овие пробиотични препарати во превенција и третман на следниве состојби:

  • бактериска вагиноза
  • компликации во бременоста
  • грчеви кај новороденчиња
  • алергиски реакции.

Благодарение на позитивниот ефект на пробиотиците врз инфекциите на вагиналниот тракт, како и намалувањето на воспалителните процеси и стимулацијата на одбраната кај мајката и детето, пробиотиците можат да ги намалат компликациите што се појавуваат во бременоста.

Можеме да заклучиме дека примената на високо-дозни пробиотични препарати со повеќе видови на бактерии претставува важен дел за време на бременоста.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button