Бременоста е сигурно едно од највозбудливите и најпосебните искуства во животот на жената. За време на бременоста, имуните и метаболичките функции на ова мало суштество зависат од мајката. Затоа исхраната на мајката е тесно поврзана со здравјето на детето.
Која е улогата на микрофлората?
Микрофлората на дигестивниот и вагиналниот систем на идната мајка игра голем број важни улоги. Влијаат на имуните и метаболичките функции на бебето, особено во раниот негов живот, а можеби дури и во матката.
За време на раѓањето и првите неколку дена од животот, цревото на новороденчето е населено со бактерии. Затоа бебињата родени вагинално, природно се изложени на микрофлората на мајката многу рано.
Микрофлората на новороденче се развива многу брзо по раѓањето и значително зависи од:
- генетските фактори
- видот на раѓање (царски рез или вагинално раѓање),
- составот на микрофлора на мајката,
- диетата
- влијанијата на животната средина
Иако со години сметавме дека мајчиното млеко е стерилно, научниците докажаа дека содржи одредени видови бактерии и тие успеале да изолираат добри, пробиотични бактерии од мајчиното млеко.
Покрај тоа, докажано е дека постои разлика во составот на микрофлората на деца кои се хранат со доење и оние кои се хранат со формула за новороденчиња.
Децата кои не се исхрануваат со доење може да бидат повеќе склони кон инфекции, заразни заболувања и со зголемен ризик од развој на алергии.
Како можат пробиотиците да бидат корисни во бременоста?
Благодарение на голем број истражувања за важноста на микрофлората на мајка и дете, сега знаеме дека пробиотиците имаат корисен ефект а за време на бременоста и раниот период по раѓањето на бебето.
Затоа, можеме да кажеме дека внесувањето на пробиотици во бременоста може да има далекусежни ефекти врз здравјето на мајката и детето. Предност треба да се даде на пробиотици со високи дози кои содржат повеќе видови бактерии.
Од особен интерес се студиите кои покажуваат како функционираат овие пробиотични препарати во превенција и третман на следниве состојби:
- бактериска вагиноза
- компликации во бременоста
- грчеви кај новороденчиња
- алергиски реакции.
Благодарение на позитивниот ефект на пробиотиците врз инфекциите на вагиналниот тракт, како и намалувањето на воспалителните процеси и стимулацијата на одбраната кај мајката и детето, пробиотиците можат да ги намалат компликациите што се појавуваат во бременоста.
Можеме да заклучиме дека примената на високо-дозни пробиотични препарати со повеќе видови на бактерии претставува важен дел за време на бременоста.