Исхрана

Храна која го одржува мозокот постојано свеж

Toa што го јадете има директно влијание на вашиот мозок. Точно е  дека со стареењето се намалува менталната активност на мозокот, а заедно со тоа доаѓа и до намалување на концентрацијата, помнењето и фокусирањето. Но, тоа и не е така страшно знаејќи го фактот дека постојат здрави, хранливи намирници кои се стимулатори на функционирањето на мозокот.

Намирници кои треба да бидат составен дел од вашата храна доколку сакате да ја одржите активноста на мозокот на завидно ниво:

Риба

Рибата е голем извор на протеини и омега-3 масни киселини кои се клучни за здравјето на мозокот. Овие здрави масти имаат неверојатна моќ врз здравјето на мозочните клетки. Редовното јадење риба е поврзано со помал ризик од деменција и мозочен удар и зачувување на менталните способности со текот на годините. За добра функција на мозокот и срцето, препорачливо е еднаш до два пати во неделата да јадете риба.

Брокула

Збогатена со витамин Ц, витамин К, и холин, брокулата е супер храна за мозокот. Додека холинот е од суштинско значење за одржување на здрави невротрансмитери и ја зголемува мемориската моќ, витаминот К ја зголемува когнитивната моќ, а со тоа и одложување на деменциите поврзани со стареењето.

Боровинки

Овие темно сини точиња се богати со витамини и антиоксиданти кои го зајакнуваат мозокот. Редовно конзумирање на овие здрави плодови ја подобрува меморијата. Исто така нивните антиоксиданти ги елиминираат слободните радикали и го намалуваат оксидативниот стрес кој влијае на мозокот.

Реклама biskviti za deca

Ленено семе

Ленот е добар извор на омега-3 масни киселини – АЛА, кои помагаат во производство и заштита на невроните. Тој исто така содржи AA и GLA – членови на Омега-6 масни киселини. Тие можат да ви помогнат во развојот на невроните, како и регулирање на функционирањето на мозокот. Редовната употреба на 1-2 лажички од ова семе на ден е од корист за подобрување на целокупното здравје на мозокот.

Јајца

Јајцата се богати со основната хранлива материја холин. Оваа хранлива состојка игра значајна улога во одржување на здрав мозокот. Вклучување на јајца во вашата исхрана може да ви помогнат во добивање на дневно препорачаната доза холин. Јајцата, исто така, содржат холестерол, кој е од суштинско значење за одржување на здрави неврони. Присуство на DHA во јајцата овозможува подобра комуникација помеѓу невроните.

Темно чоколадо

Темното чоколадо  има  моќни антиоксидантни својства и тоа што содржи какао и  природни стимуланси како кофеин, што може да го подобри фокусот.

Јаткасти плодови

Богати со омега-3 масни киселини, омега-6 масни киселини, фолна киселина, витамин Е и витамин Б6, јаткастите плодови – ореви, бадеми, кикирики, лешници и слично- се добри масти кои помагаат во зајакнување на мозокот. Витаминот Е во овие плодови помага во одложување на губење на меморијата поврзано со староста, а присуството на есенцијални масни киселини обезбедуваат подобра циркулација, со што се обезбедува подобро здравје за мозокот.

Кофеин

Не постои магичен пијалок кој ќе ви помогне во зголемување на коефициентот на интелигенција или да ве направи попаметен, но одредени супстанции, како кофеинот, можат да ви дадат енергија која ќе ви помогне да се концентрирате. Кофеинот може да го најдете во кафето, чоколадото, енергетски пијалаци и одредени лекови. Ефектот на кофеинот е краткотраен. Сепак, внимавајте колку кофеин внесувате во текот на денот, бидејќи преголемиот внес може да ве направи нервозни.

Шеќер (јаглехидрати)

Шеќерот е главното гориво за работа на мозокот. Не зборуваме за белиот шеќер, туку гликозата која вашето тело ја преработува од шеќерите и јаглехидратите кои ги внесувате преку храната. Внесувањето на слатка храна и храна богата со јаглехидрати го поттикнува помнењето, размислувањето и сите останати ментални способности. Внесувањето на оптимални количини од оваа храна ќе ви помогне да ја поттикнете работата на мозокот, без притоа да ги зголемите килограмите.

Покрај исхраната од голема важност за добра концентрација и способност за работа е да:

  • бидете добро наспани;
  • се хидрирате во текот на денот;
  • бидете физички активни;
  • медитирате за да бидете опуштени и релаксирани.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button