Здравје кај мажиЛабараторија и дијагностика

Превентивни прегледи кои секој маж мора да ги прави еднаш годишно

Вредноста на секој превентивен преглед се состои во тоа да ги дијагностицира болестите навреме.
Како и да ви понуди препораки за промена на животниот стил, навиките, начинот на исхрана кои би биле од огромна помош во превенција и лекување на некоја болест и подобрување на здравјето и животот воопшто.

Пет дијагностички прегледи кои секој маж не треба да ги заборава и треба да ги практикува барем еднаш годишно.

Интернистички преглед

Стресот, исхраната и недоволната физичка активност се главните виновници за високиот крвен притисок, зголеменото ниво на масти во крвта и појавата на дијабетес. Карактеристично за сите овие болести е што се јавуваат тивко, без симптоми. Но може да бидат причина за сериозни срцеви и кардиоваскуларни проблеми, како и проблеми со бубрезите.

Со редовни рутински прегледи на мажите над 30-годишна возрастсите овие болести може многу едноставно да се дијагностицираат. Еднаш годишно е задолжително да направите лабораториски анализи кои можат да ви го спасат животот

ПСА во крв и консултација со уролог

Карциномот на простата е еден од најчестите тумори кај машката популација. Еден од најважните превентивни прегледи што треба да бидат направени кај секој маж над 50 години е прегледот на простатата, кој се состои во ехо и ректален преглед на простатата.

Реклама biskviti za deca

Подеднакво важно е и одредувањето на ПСА (простата-специфичен антиген) во крвта. Ова е еден вид на туморски маркер кој може да открие присуство на карцином во простата во многу рана фаза.

Колоноскопија

Карциномот на дебелото црево е многу почест кај мажите за разлика од жените. Овој канцер се развива од полипи-аденоми кои се јавуваат на слузокожата на дебелото црево.

Колоноскопијата е единствениот преглед при кој со флексибилна туба на која има поставено камера, се гледа внатрешноста на дебелото црево и се откриваат полипите и карцином на дебело црево. Доколку се откријат промени како полипи, истите се отстрануваат за време на колоноскопијата.

Дермоскопија

Најопасниот облик на карцином на кожата е меланомот. Како превенција од карциномот на кожа се препорачуваат редовни самопрегледи на кожата.

Мажите треба да знаат дека по секоја промена која ќе ја забележат на своето тело треба веднаш да се јават на дерматолог, а еднаш годишно, особено пред летото, треба да направат дерматоскопија.

Доплер на каротидни артерии

Се препорачува кај мажи со покачен крвен притисок,со семејна историја оптоварена со кардио-васкуларни заболувања и кај мажи со шеќерна болест и/или бубрежна болест. Исклучително важен преглед е и ехото на срце и прегледот на каротидните артерии.

Се изведува со цел да се одреди присуство на атеросклеротична болест на крвните садови кои се задолжени за носење кислород на крв до мозокот. Тестот се изведува еднаш годишно кај луѓе над 50 години.


АМ

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button