COVID-19

Превенција од ковид-19 во домашни услови

 

За да бидете безнедни и да го намалите ризикот од зараза не занемарувајте ги препорачаните мерки од министерството за здравство за ваша лична хигиена, често миење на раце со топла вода и сапун и користење на  дезинфекциски средства. Меѓутоа, ако живеете со личност која мора да биде во домашна изолација или карантин мора да бидете многу повнимателни.

Како да се однесувате за да се заштитите?

Најдобро е да спиете во одвоени кревети, не користете иста постелнина, крпи како и чашки или прибор за јадење. Доколку сте во можност користете различни тоалети , а во спротивно често и темелно дезинфицирајте го тоалетот ( може да користите раствор од 20мл варикина+1л вода), како и другите површини во домот со кои често сте во контакт. Просториите во кои е сместен болниот, но и останатите простории во домот проветрувајте ги почесто, а постелнината крпите и алиштата редовно перете ги.
Задолжително следете знаци и симптоми на ковид-19, ако имате температура над 38 или тешкотии со дишењето, веднаш побарајте го вашиот матичен лекар и следете ги неговите натамошни упатства.
Никако не смеете самоволно да ја прекинувате изолацијата и карантинот, тоа може да го направите откако ќе добиете дозвола од епидемиолог и останатите лекари.

Бидете општествено- одговорни, останете дома за вас и за останатите.

Реклама
Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button