Гастроинтестинален системЗдравје од А до ШКардиоваскуларен систем

Растителни влакна и антиоксиданси за превенција на хемороиди

Хемороидите се непријатна појава која подеднакво ги погодува и мажите и жените од различни возрасни групи. Се проценува дека повеќе од две третини од луѓето во светот во одреден дел од животот страдаат од проблеми со хемороиди.

По дефиниција, хемороидите претставуваат состојба на проширени крвни садови во и околу анусот и долниот дел на ректумот, а најчесто настануваат како последица на современиот начин на живот – долготрајно седење или стоење и недоволно движење. Освен тоа, на појавата на хемороиди дополнително влијаат и обезност, проблеми со празнење на цревата, но и чувствителни состојби како што е бременоста.

Типичните симптоми на хемороиди вклучуваат:

  • Интензивно чувство на чешање на зафатениот предел
  • Болки и иритација во пределот околку анусот
  • Болки за време на празнење на цревата
  • Појава на светла крв и слуз во столицата

Иако наведените симптоми не претставуваат значаен здравствен проблем, долготрајното крварење може да предизвика губење на железо и да доведе до развој на анемија.

Реклама

Како да се олеснат симптомите на хемороиди?

Воведување на едноставни промени во прехранбените навики е најдобар начин на превенција, како и олеснување на тегобите предизвикани од хемороиди.

На менито, секако, би требало да се најдат намирници кои изобилуваат со растителни влакна, како јаболка, круши, зелки (и зеленчук од овој вид, како карфиол, брокула, прокељ) и легуминози (мешункасти растенија како грав, грашок, кикирики), како и трици и цели зрна.

Овошните бобинки како боровинка, црна рибизла или вишна, можат исто така да помогнат бидејќи содржат растителни соединенија на проантоцијанидини кои имат позитивен ефект на зајакнување на крвните садови. Доколку хемороидите крварат, се препорачува внес на намирници богати со витамин К, на пример темнозелен лиснат зеленчук.

Важно е да се обрне внимание и на внесот на течности бидејќи „ја омекнуваат“ столицата и помагаат во празнењето на цревата. Треба да се даде предност на водата, супите и чаевите, како зелениот чај, кој воедно изобилува со антиоксиданси.

Исто така се препорачува избегнување на намирници кои можат да ги влошат симптомите, како црвено месо и месни преработки, процесирана храна, чоколадо, кафе и алкохол, како и силни зачини.

Додатоци во исхраната

Освен лесна исхрана со изобилство на влакна и антиоксиданси, одредени додатоци на исхраната исто така се покажале како многу корисни во лечењето на симптомите на хемороиди.

Хесперидин

Хесперидин е растително соединение од групата биофлавоноиди кое може да го најдеме во цитрусните овошја, а помага за подобра работа на крвните садови и влијае на намалување на воспалението.

Веќе долги години хисперидинот се користи во лечење на разни тегоби поврзани со крвните садови (хемороиди, варикозни вени и слаба циркулација), самостојно или во комбинација со други цитрусни биофлавоноиди (на пример, со диосминот).

Целта на едно истражување објавено во списанието International Journal of Gynaecology & Obstetrics била да се утврди ефикасноста и сигурноста на употребата при земање на комбинација од флавоноиди (90% диосмин и 10% хесперидин) во лечењето на внатрешните хемороиди кај бремени жени. Во истражувањето учествувале 50 бремени жени со акутни хемороиди, а резултатите покажале дека кај 66% од испитаничките веќе по четири дена земање флавоноиди дошло до намалување на симптомите. Научниците заклучиле дека земањето на оваа комбинација на флавоноиди е ефикасна и сигурна помош во лечењето хемороиди кај бремени жени.

Индиски тегавец

Индискиот тегавец (лат. plantago ovata, анг. psyllium) е ефикасен сојузник во одржување на здравјето на дигестивниот систем.

Индискиот тегавец делува така што го зголемува волуменот и ја омекнува столицата. Освен тоа, неговото конзумирање влијае на зголемување на бројот на добри бактерии и производство на витамин К во дебелото црево, со што се спречува констипација и понатамошно ширење на хемороидите.

Резултатите од истражувањето објавено во списанието Hepatogastroenterology, во кое учествувале 50 испитаници со внатрешни хемороиди, покажале дека земањето индиски тегавец во текот на 15 дена влијаело на подобрување на симптомите на внатрешни хемороиди.

Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button