Исхрана

Правилна исхрана во бременоста

Дали знаете дека она што го јадете додека сте бремени, може да се одрази на вашето здравје и на здравјето на вашето бебе и во текот на наредните години?

Ако досега не внимававте на тоа вашата исхрана да биде здрава, сега кога сте бремени е крајно време да почнете. Запомнете дека вашето бебе нема друг извор на храна, освен она што доаѓа преку вас.

Вашите оброци треба да бидат составени од разновидна храна, која ќе вклучува:

Многу овошје и зеленчук. Обидете се секојдневно да внесувате барем по неколку различни вида.

Интегрални житарки.

Реклама

Храна богата со протеини: месо, пилешко, риба (имајте барем 2 оброка риба неделно), јајца и мешункасти растенија (грав, леќа и сл.) кои се исто така богати и со железо.

Храна богата со растителни влакна. Тоа ќе го спречи запекот, кој е честа појава во бременоста. Растителните влакна најмногу можaт да се најдат во: интегралниот леб, интегрален ориз, овошјето и зеленчукот.

Млеко, сирење, јогурт и сл. Овие производи се богати со калциум, кој пак е исклучително важен во текот на бременоста.

Добро е да ги намалите грицките, слатките и другите нездрави прехранбени продукти. Обидете се да ги замените со овошје или зеленчук. На тој начин ќе го избегнете претераното качување на телесната тежина во текот на бременоста.

Вашиот апетит ќе се менува во различните фази на бременоста и ќе ви биде индикатор за тоа колку храна ќе треба да внесувате. Често пати во првото тромесечие апетитот може и да се намали, во второто тромесечие може да се врати на ниво на пред бременоста, а во третото веројатно ќе биде значително поголем. Не се оптоварувајте со промените на апетитот и следете го правилото да јадете тогаш кога сте гледни.

Доколку патите од киселини или мачнини, обидете се да јадете повеќе помали оброци, наместо 3 поголеми.

Овие моќни намирници се полни со витамини и нутритиенти кои го чуваат здравјето на идните мајки и на бебето во текот на бременоста, но и подоцна:

  1. Јајца
  2. Сладок компир
  3. Јаткасти плодови
  4. Грав
  5. Леќа
  6. Немасно месо
  7. Цеден сок од портокал
  8. Јогурт
  9. Овесна каша
  10. Листест зеленчук
  11. Лосос

Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button