ОРГАНСКИ БИСКВИТИ ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА, ДОСТАПНИ ВО МАРКЕТИТЕ НА ДМ

Зошто треба да помислите и на своите мисли

Мислењето е способност дадена на човекот.

Од милијарда луѓе што газат на земјата мал е бројот на оние што мислат и на своите мисли.

Во текот на денот низ мозокот на човекот дневно поминуваат шеесет илјади мисли.

Не постои човек кој што целосно може да контролира и владее со своите мисли, но постојат луѓе кои ја знаат енергијата на секоја мисла што ќе посака да се создаде во умот, а потоа и да владее со него.

Секоја мисла што е добро избрана може да му донесе мноштво придобивки на поединецот.

Секоја мисла повторена повеќе пати станува уверение кое човекот го носи како невидлив детал на мислењето за себе.

Неизбежни се и мислите кои ни предизвикуваат тага, гнев, очај, омраза и мноштво емоции кои ако им дозволиме не водат низ вртлокот на сожалувањето, каењето и откажувањето.

Свесноста за поседувањето на овие мисли му овозможува на човекот да го контролира и промени понатамошното течение на мислите.

За почеток доволно е барем еднаш во денот свесно да се отвори албумот со активни мисли.

Даниела Ангелова

Exit mobile version