Мирјана Мицоска, клинички логопед – специјалист: Поминете ја изолацијата со вашето дете креативно

Мирјана Мицоска, клинички логопед – специјалист: Поминете ја изолацијата со вашето дете креативно

Состојбата со коронавирусот ги затвори училиштата и градинките, така што децата мора да бидат дома. Ќе имаат многу слободно време, па затоа  ви предлагам неколку совети за да им го направите на вашето дете интересно слободното време, а воедно и да продолжи со учење и едуцирање.

Најпрво би започнале со најмалата возраст, предучилишна восраст, односно најранливата возраст.

Министерството за труд и социјална политика веќе ни посочи линк со кој корисниците ќе може да најдат голем број дигитални платформи, апликации и содржини што може да бидат многу корисни за децата → https://www.unicef.org

Децата брзо губат внимание и потребно е често да ги менувате активностите. Во однос на виртуелниот свет, многу експерти го забрануваат осовено во оваа предучилишна возраст, но вие можеете да им пуштите некоја интересна програма на вашиот мајчин јазик, но и да биде едукативна зошто телевизорот детето го прави да биде нервозно и агресивно. Затоа, вие изберете содржини што ќе го смират и нешто научат вашето дете, секако НЕ повеќе од 30-45 минути во текот на денот.

Читање- Друга активност што може да ја направите за вашето дете е да му читате книги, приказни кои се поврзани со возраста, а со тоа ќе го поттикнете и говорот на вашето дете така што ќе читате бавно и ќе го наведете вашето дете да ве гледа во уста за да може да се поттикне развојот на нови зборови и збогатување на речникот.

Цртајте со вашето дете,дозволете да ви покаже колку е кретивно и како размислува. Преку цртежот детето ги експресира неговите мисли и чувства. Можете да изберете разновиден матерјал за цртање и сликање.

Редење на коцки е уште една идеја како дел од актвиностите за децата е многу важен фактор за развивање на моторни вештини на вашето дете. Направете си најразлични фигури од коцки, замоци, куќи зоолошка градина, гаражи за автомобили итн.

Изберете го и пластелинот, зошто децата обожаваат да прават најразлични фигури со часови, па така направете оваа активност да биде забавна, а воедно и едукативна во исто време.

Музика– Пуштите си музика и танцувајте со вашето дете.

И не заборавајте во текот на денот да им дадете и слободен час каде што вашето дете може да прави нешто без ограничување.

Ова се само дел од активностите за вас и вашите деца и без паника!! Сега треба да им бидеме најголема поддршка на децата и да ги заштитиме од чувство на страв и вознемиреност.

 

                                                            Мирјана Мицоска, клинички логопед – специјалист 

Категории

Коментари