Храна и живот

Сè што треба да знаете за бананите

Бананите се најпознатото овошје во светот. Содржат есенцијални нутритиенти кои имаат позитивен ефект врз нашето здравје.

Оваа статија ќе ви помогне да ги воочите здравствени придобивки и можните здравствени ризици што лекарите ги поврзале со бананите.

Позитивни придобивки од бананите

  1. Го регулира крвниот притисок и да го намалуваат оптоварувањето на кардиоваскуларниот систем.
  2. Превенираат визинг (свирење во градите) кај деца со астма поради антиоксидативното дејство на калиумот.
  3. Лецитинот, антиоксиданс кој ги елиминира слободните радикали од организмот.
  4. Содржи растителни влакна, калиум, фолат и антиоксиданси кои ја поддржуваат работата на срцето и го намалуваат „лошиот “ холестерол.
  5. Го намалуваат ризикот од развој на дијабет тип 2 и шеќерот во крвта.
  6. Бананите се дел од диетата која докторите ја препорачуваат за лекување на дијареа.
  7. Бананите содржат триптофан кој ја подобрува меморијата и расположението.

Нутрициски податоци

НутритиентиКоличина во една средно голема банана (околу 126г)Дневни препорачани дози за возрасни
Енергија105 калории1800-3000 калории
Јаглехидрати27, вклучувајќи од кои 14.4г. шеќер130 грама
Растиелни влакна3.1 грама25.2-33.6 грама
Протеини1.3 грама46-56 грама
Магнезиум31.9 милиграми320-420 милиграми
Фосфор26 милиграми700 милиграми
Калиум422 милиграми4,700 милиграми
Селен1.9 микрограми55 микрограми
Холин11.6 милиграми425-550 милиграми
Витамин Ц10.3 милиграми75-90 милиграми
Фолати23.6 микрограми400 микрограми
Бета каротен30.7 микрограми/
Алфа каротен29.5 микрограми/

Совети за сервирање и јадење

  • Додадете исечена банана во утринските житарки или овесната каша за здрав појадок.
  • Пире од зрели банани како замена на путер или масло во пецива.
  • Додадете пире од банани на мафини, колачиња и колачи за природно сладок вкус.
  • Додадете банани во пијалак.
  • Земете банана на работа или училиште за здрава закуска.

Имате вишок банани? Искористете ги за овој вкусен посен рецепт

Несакани ефекти од банани

Комбинација со бета блокатори: тие го зголемуваат нивото на калиум во крвта и затоа, при терапија со истите треба да се внимава на количината на банани кои ги јадеме. Премногу калиум може да ја наруши функцијата на бубрезите.

Алергии: Бананите може да предизвикаат алергиска реакција кај некои луѓе. Секој што ќе почувствува чешање, печење, оток или отежнато дишење треба да побара лекарска помош веднаш. Тешка реакција може да доведе до анафилакса, која може да биде опасна по живот.

Реклама biskviti za deca

Мигрена: Бананите може да бидат тригер за мигрена кај некои луѓе.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button