Перењето на платнените маски за лице е еднакво важно како и нивното носење

Постојат маски од различни видови и материјали и сите тие ни даваат некаков вид на заштита во време на пандемија од COVID-19. Различните видови на маски, за еднократна употреба, платнени маски, маски со филтер, N95 маски и така натаму бараат посебен начин на одржување на хигиена, бидејќи тоа е исто толку важно, како и носењето на самата маска.
Постојат повеќе начини како правилно да ги перете и дезинфицирате платнените маски:
1.Перење во машина за алишта
Најдобро би било да ги перете маските на 90 степени во машина за алишта со детергент со белило или други активни состојки и тоа по секоја употреба. Потоа, доколку имате можност препорачливо е да ги сушите на сончева светлина или во машина за сушење алишта и на крај да ги дезинфицирате со пегла за алишта на висока температура. Така ќе бидете сигурни дека маските ви се дезинфицирани, чисти и подготвени за следна употреба.
2.Дезинфекција на висока температура
Како извор на топлина можете да користите рерна загреана на 70 степени околу 30-40 минути, пегла за алишта, УВ ламба и така натаму.
3.Рачно перење на маски
Со рачно перење исто така ќе добиете резултат. Оставете ја маската во врела вода со детергент околу 5-10 минути, потоа истрлајте ја маската и повторете ја постапката за сушење како во точка 1.
Дополнителни совети:
- Најдобро е да НЕ седите со иста маска повеќе од 30-60 минути,
- НЕ ја допирајте маската со раце додека ви е на лицето,
- Доколку не сте во можност во моментот да ја исперете маската или сте ја тргнале од лицето на кратко, при повторно ставање задолжително дезинфицирајте ја или испрскајте ја со алкохол,
- Маските за еднократна употреба НЕ треба да се перат, тие се употребуваат само еднаш и потоа се фрлаат,
- Платнените маски МОРА да се перат и дезинфицираат по секоја употреба без разлика дали ви била на лицето 5 или 50 минути,
- МАСКАТА СЕ НОСИ НА НОСОТ И УСТАТА, бидејќи честичките на вирусот може да ги инхалирате и преку носот.