Здравје од А до ШФитнесХрана и живот

Пијалоци кои ќе ви помогнат да ја намалите телесната тежина

Тешко е да се откажеме од старите навики, но ако се потрудиме да ги замениме со нови подобри, веќе сме на добар пат. Промените во животниот стил и начинот на исхрана се само дел од чекорите кои треба да ги превземете доколку целите кон намалување на телесната тежина.

Газираните пијалоци се полни со шеќери и кои влијаат на изгледот на вашето тело, додека пак овошните сокови и некои спортски пијалоци може да бидат дополнителни калории на вашата исхрана. Сепак некои пијалоци може да ги конзумирате неограничено и притоа да ја заситат желбата за глад, да го поттикнат вашиот метаболизам и да го намалат шеќерот во крвта.

Во продолжение ќе ви предложиме неколку здрави пијалоци кои ќе го забрзаат вашиот метаболизам и ќе ви помогнат да ја намалите телесната тежина.

  1. Зелен чај

Зелениот чај честопати се поврзува со здравјето и тоа со добра причина. Не само што е преполн со корисни антиоксиданти и други моќни хранливи материи, тој е и еден од најефикасните пијалоци за слабеење.
Голем број студии укажуваат дека пиењето зелен чај ја намалува телесната тежина и телесните масти.
Преглед на 14 студии откриле дека луѓето кои пиеле зелен чај 12 недели изгубиле во просек 0,2-3,5 кг повеќе од оние кои не пиеле зелен чај.

Треба да се напомене дека оваа придобивка е поврзана со подготовката на зелениот чај кој содржи големи количини на катехини, антиоксиданти кои можат да го зголемат согорувањето на мастите и да го зајакнат метаболизмот.
Матча е вид на зелен чај кој содржи поголема количина на катехини од стандардниот зелениот чај, што го прави уште подобар избор за слабеење. Едно истражување открива дека жените кои конзумирале 3 грама матча дневно согоруваат повеќе маснотии за време на вежбањето во споредба со жените кои не пиеле матча.

Плус, зелениот чај содржи кофеин, кој може го поттикнува процесот на губење на тежината со зголемување на нивото на енергија и подобрување на перформансите при вежбање.

Освен тоа, луѓето кои пијат зелен чај имаат понизок крвен притисок и помал ризик од развој на болести како што се срцеви заболувања, одредени видови на рак и дијабет.

2. Кафе

Кафето го користат луѓето ширум светот за зголемување на нивото на енергија и подигнување на расположението.
Тоа е затоа што кафето содржи кофеин, супстанца која делува како стимуланс во организмот и го поттикнува слабеењето.
Кафето може да го зајакне метаболизмот, што може да ви помогне да изгубите тежина.

Неколку студии укажуваат дека лица со прекумерна тежина кои пиеле кафе што содржи 6 мг кофеин на килограм телесна тежина консумирале значително помалку калории отколку оние кои пиеле помалку кофеин или воопшто не внесувале кофеин, а покрај тоа со зголемениот метаболизам се поттикнува и брзото согорување на маснотии.
Пијалаците со кофеин како кафе може да стимулираат губење на тежината со зголемување на метаболизмот, намалување на внесот на калории и стимулирање на согорувањето на мастите

Реклама

3.Црн чај

Како и зелениот чај, црниот чај содржи компоненти кои можат да го стимулираат слабеењето.
Црниот чај е подложен на поголема оксидација (изложеност на воздух) отколку другите видови чаеви, што резултира со појак вкус и потемна боја. Црниот чај е богат со полифеноли, вклучувајќи група на полифенолни соединенија наречени флавоноиди. Полифенолите се моќни антиоксиданти кои можат да помогнат во намалувањето на телесната тежина.

Студии покажуваат дека полифенолите кои се наоѓаат во црниот чај го помагаат процесот на губење на тежината со намалување на внесот на калории, со стимулирање на распаѓање на маснотиите и зајакнување на растот на пријателски цревни бактерии.
Во период од 3 месеци со конзумирање на 3 чаши на ден црн чај доаѓа до значително намалување на обемот, но и значително помалку масти во телото и маснотии во стомакот.
Како што споменавме веќе црниот чај содржи полифеноли, антиоксиданти за кои се докажува дека ја намалуваат телесната тежина, па токму затоа и пиењето на црниот чај е препорачливо доколу сте во процес на слабеење.

4.Чај од ѓумбир

Ѓумбирот се користи како зачин за додавање вкус на јадењата и како хербален лек за лекување на бројни состојби како гадење, настинка и артритис. Бројни студии го потврдуваат корисениот ефект врз слабеењето кој го има овој корен. Чајот од ѓумбир помага и во намалувањето на апетитот и во зголемувањето на потрошувачката на калории.

Едно истражување во кое учествувале 10 мажи со прекумерна тежина открива дека по пиење на 2 грама ѓумбир во прав растворен во топла вода при појадок, чувствувале зголемена ситост и намален глад во споредба со деновите кога не консумирале чај од ѓумбир. Покрај тоа студијата покажува дека чајот од ѓумбир го зголемува и термичкиот ефект на храната (бројот на калории потребни за варење и апсорпција на храната) за 43 калории .
Иако тоа не е голем број калории, ова сугерира дека – кога се комбинира со неговите заситени својства – чајот од ѓумбир може да биде ефикасен начин за поттикнување на слабеењето.

Можеме да заклучиме врз основа на спорведените студии дека со помош на ѓумбирот се чувствуваме посити, со намален апетит и да со зголемен метаболизам, што е многу корисно кога се обидувате да изгубите тежина.

5.Пијалоци со висока содржина на протеини

Пијалоците кои содржат многу протеини можат да го спречат гладот, да го намалат апетитот и да направат да се чувствуваме поисполнетрти односно заситени, што е важно кога се обидувате да се ослободите од вишокот килограми.

Достапни се безброј протеински прашоци кои претставуваат брза, здрава закуска или оброк во брзање.
Протеините го зголемуваат нивото на хормони за намалување на гладот, како што е ГЛП-1, додека го намалуваат грелинот, хормон кој го поттикнува апетитот.


Една студија спроведена на 90 возрасни лица со прекумерна тежина открила дека оние кои конзумирале 56 грама протеин од сурутка дневно во период од 23 недели, изгубиле 5 пати повеќе маснотии отколку контролната група која не конзумирала протеин од сурутка, а внесувала ист број на калории.
Протеинските прашоци од сурутка, грашок и коноп се само дел од големата лепеза на продукти кои можат да додадат задоволителена протеинска доза во шејковите и смутито, што може да ви помогне да ги намалите килограмите.

Протеинските пијалоци го намалуваат апетитот и ја зголемуваат ситоста. Протеинските прашоци лесно може да се додадат во било кој пијалок/оброк за брза и задоволувачка закуска или оброк.

6. Сок од зеленчук

Иако овошниот сок е поврзан со зголемување на телесната тежина, пиењето сок од зеленчук може да има спротивен ефект.
Во една студија, возрасни лица кои пиеле по 450 мл сок од зеленчук со малку натриум додека практикувале нискокалорична диета изгубиле значително поголема тежина од оние кои не конзумирале.

Воедно доколку конзумирате сокови од зеленчук значително го зголемувате внесот на зеленчук и значително го намалувате внесот на јаглехидрати, два фактори кои се многу важни за губење на тежината. Консумирањето зеленчук во неговата природна форма секогаш кога е можно е најдобриот избор за здравјето, токму поради тоа што при процесот на цедењето сокови се губи голема количина на растителни влакна .
Но, се разбира конзумирање на нискокалоричен сок од зеленчук може да биде добар начин да го зголемите внесот на зеленчук, па дури и да ви помогне да изгубите тежина.

7. Вода

Иако водата е последна на нашата листа не значи дека е најмалку важна. Зголемениот внес на вода е еден од наједноставните начини за подобрување на целокупното здравје.
Пиењето повеќе вода може да ви помогне да го намалите обемот на вашата половина, така што ќе бидете заситени помеѓу оброците и ќе го зголемите бројот на потрошени калории.
Истражувањата сугерираат дека пиење вода пред јадење може да ви помогне да внесете помалку калории, со што ќе избегнете прејадување и ќе изгубите тежина.

Студија спроведена на 48 возрасни лица со прекумерна тежина открива дека оние кои пиеле 500 мл вода пред јадење, а притоа следеле нискокалорична диета изгубиле 44% повеќе тежина во текот на 12 недели отколку оние кои не пиеле вода пред јадење.
Пиењето ладна вода ја зголемува потрошувачката на енергија во мирување, што е бројот на калории што ги трошите додека одмарате, односно друга студија спроведена на 21 дете со прекумерна тежина покажува дека потрошувачката на енергија во мирување е зголемена за 25% откако пиеле по 10 мл ладна вода на килограм телесна тежина.

Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button