Здравје кај жени

ПАП-тест: кога и колку често треба да се прави

ПАП-тест е лесна, едноставна и брза  цитолошка метода со која се испитуваат промените на грлото на матката.

Така се утврдува дали се тие нормални или постои некакво нарушување во нивната градба (воспаление, рак на грлото на матката и др.).

На која возраст и колку често треба да се прави ПАП-тест?

Честотата на правење тестови зависи од возраста и од историјата на болести кај пациентките.

  • Од 18 година, ПАП-тест најмалку еднаш годишно;
  • Ако во меѓувреме имало една или повеќе бремености, тогаш на секои 6 месеци, ако не, тогаш до 30-годишна возраст барем еднаш годишно.
  • Доколку има 3 едноподруго негативни ПАП-тестови, тогаш во договор со гинекологот може да се прави ПАП-тест на секои 2 или 3 години.
  • Над 65 години, во договор со гинекологот, може на секои 2-3 години да се повтори тестирањето. Ако трите едноподруго теста во период од 10 години биле негативни тогаш тестот може да се прекине.

Тестовите може да се прават и почесто. Се препорачува на секои 3 до 6 месеци доколку пациентката има историја на претходно дијагностицирани изменети клетки во размаската (т.н. ЦИН 1, ЦИН 2, ЦИН 3), ако има претходно дијагностицирана малигна болест на друг орган (дојка, јајник и сл.). Исто така се препорачува и почесто тестирање кај ХИВ-позитивни пациентки.

Како изгледа изведувањето на ПАП-тестот?

Посетата на гинеколог треба да биде околку 10 до 20 дена по првиот ден од циклусот. Најмалку 2 дена пред посетата на гинекологот не треба да се користат вагинални креми, лекарства, тампони, пудри или дезодоранси, ниту, пак, да се има секс. Прегледот е безболен, но за некои жени е непријатен.
Гинекологот, со четкичка или со шпатула, ги собира одлупените клетки од грлото на матката и ги размачкува на предметно стакло за микроскопирање. Стаклото се става во фиксатив и така подготвено се испраќа во цитопатолошката лабораторија. Резултатот се добива отприлика за 2 до 3 недели.

Реклама biskviti za deca

ПАП-тестот може да го спаси вашиот живот. Со овој тест може да се откријат  раните знаци на ракот на грлото на матката. Доколку се открие на време, процентот на преживување е многу висок. Со ПАП-тестот исто така може да се откријат инфекции кои предизвикуваат изменет раст на клетките од грлото на матката и кои лесно можат да преминат во малигни клетки.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button