Психологија

Неколку работи што можете да ги направите доколку некој доживува паничен напад

Паничениот напад е краток, но интензивен налив на страв.

Овие напади вклучуваат симптоми слични на оние како кога се соочуваат со закана, вклучително:

  • интензивен страв
  • чувство на пропаст
  • потење или треска
  • тресење
  • чукање на срцето
  • отежнато дишење
  • главоболки и болка во градите

Паничните напади се разликуваат од типичниот одговор на страв затоа што не постои вистинска закана.

Не секогаш е лесно да се идентификуваат предизвикувачите на напад на паника, така што луѓето кои имаат еден напад често се грижат дека ќе имаат повеќе, особено во јавност. Паничните напади обично предизвикуваат чувство на  непријатност и предизвикуваат значителни проблеми. Многу луѓе веруваат дека имаат срцев удар или некој друг проблем што им го загрозува животот.

Ако познавате некој што доживува панични напади, постојат неколку работи што можете да ги направите  за да им помогнете во моментот.

Реклама biskviti za deca

Останете смирени

Смиреноста е еден од најдобрите начини на кои можете да помогнете. Паничните напади обично не траат долго.

Најинтензивните чувства обично траат помеѓу 5 и 10 минути. Но, некој што има напад можеби нема чувство за време, односно  колку долго/кратко трае.

Можеби ќе се чувствуваат преплашено или ќе помислат дека би умреле. Дури и ако се чувствувате и вие малку исплашени, останете смирени. Ако ви се чини дека вашиот глас ги смирува (и тие не ве замолиле да замолчите), разговарајте со нив, со мирен тон.

Што да им кажам?

Пробајте:

  • уверете ги дека нема да заминете
  • потсетувајте ги дека нападот нема да трае долго
  • кажете им дека се безбедни

Прашајте како можете да им помогнете

Повеќето луѓе кои доживуваат напади на паника или живеат со други видови на анксиозност имаат свои методи на справување. Кога нудите поддршка, имајте на ум дека вашата сакана личност најдобро знае за тоа што најмногу ќе помогне во моментот.

Сепак, можеби им е потешко да комуницираат за време на нападот. Бидете информирани однапред како можете да понудите помош ако доживеат напад пред вас.

За време на нападот, во ред е смирено да прашате што можете да направите за да ги поддржите. Само подгответе се за дрзок или краток одговор. Реакција на адреналинскиот стрес може да влијае на способноста да размислуваат и да се однесуваат логично.

Што ако сакаат да заминам?

Сè додека не се во непосредна опасност, отстапете и оставете им малку простор. Останете близу за да можете сè уште да внимавате на работите и дајте им до знаење дека ќе бидете тука ако се предомислат.

Научете ги знаците за предупредување

Одвојте малку време за да се запознаете со раните знаци на потенцијален напад на паника. Паничните напади обично започнуваат со: чувство на ужас или страв, хипервентилација или отежнато дишење, чувство на задушување, забрзано срцебиење, вртоглавица и тресење.

Луѓето не ги  доживуваат на ист начин нападите на паника, па затоа е најдобро да прашате кои знаци обично се јавуваат при напад. Колку побрзо разберете што се случува, толку побрзо можете да им помогнете да стигнат до некое по приватно место или каде и да се чувствуваат удобно.

Фокусирајте се на акција наместо на зборови

Смирувачки, познат глас им помага на некои луѓе, но обидете се да избегнете повторување на зборови како „не грижете се“ или да ги прашувате дали се во ред одново и одново.

Сигурно добро мислите, но зборовите во моментот можеби нема да бидат од голема корист, а и може да ја направат ситуацијата уште постресна, па и да се чувствувааат дека прават нешто погрешно. Наместо тоа, прашувајте ги дали сакаат да ја напуштат просторијата и да заминат на друго место, а  притоа потсетувајќи ги да продолжат да дишат.

Нивната паника можеби нема смисла ниту за вас, ниту за нив

Паничните напади можат да бидат збунувачки и застрашувачки. Луѓето генерално не можат да ги предвидат и честопати нема јасна причина. Тие можат да се појават во стресни ситуации, но исто така и за време на тивки моменти или дури и за време на спиењето.

Можеби изгледа корисно да му кажете на вашиот пријател дека нема од што да се плаши. Но, тие веројатно се свесни дека не постои вистинска закана.

Верувајте им кога ви зборуваат за стресот што го доживуваат

На луѓето често им е тешко да ги споделат своите искуства со проблеми со менталното здравје, вклучително и напади на паника. Некои избегнуваат да зборуваат за проблеми со менталното здравје затоа што веруваат дека другите нема да разберат низ што минуваат.

Другите се грижат дека некој ќе им суди или ќе им каже дека она што го  доживуваат не е голема работа. Оние лица кои немаат допирна точка со тоа честопати не го разбираат стравот предизвикан од напади на паника и дури може да го сметаат за нелогичен. Но, одговорот е реален, а лицето кое го доживува нападот не може да го контролира.

Емпатичен одговор може да биде едноставен како: „Тоа звучи навистина тешко. Жал ми е што го доживуваш ова. Кажи ми што можам да направам за да те поддржам. ”

Помогнете им да останат приземни

Техниките за приземување можат да имаат корист за низа проблеми со анксиозност, вклучително и напади на паника. Овие техники му помагаат на лицето да се фокусира на она што всушност се случува, а не на неговиот страв од напад. Тие често се најкорисни откако интензитетот на нападот малку ќе ослабе.

Бидејќи октомври е месец на подигнување на свест за менталното здравје, прочитајте нешто повеќе за тоа и одвојте мал дел од вашиот ден да се посветите на вашето ментално здравје и вашите мисли кои постојано ги поттиснувате. Ќе се чувствувате многу посреќни!


М.Д

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button