Здраво и вкусно-овесна каша со праски

Здраво и вкусно-овесна каша со праски


Праските се едно од највкусните летни овошја. Додека ги има во изобилство, зошто да не ги искористиме и да направиме превкусен и здрав доручек.

Состојки:
80g овес
350ml вода + 50ml млеко
ванила екстракт
малку цимет
1 лажичка чија семе
15g протеински прав (по желба)
1 праска (околу 150g)
1 лажица нискомасен грчки јогурт или кисело млеко

Начин на подготовка:
1.Ставете ја водата и млекото заедно со циметот и чија семето во тенџере да зоврие.
2.Додадете го овесот, намалете на најниска температура и варетe 10-15min додека не ја добиете посакуваната густина.
3.Доколку користите протеински прав додадете го пред да ја тргнете овесната каша од шпоретот.
4.Додате го ванила екстрактот, исечканта праска и сервирајте со грчки јогурт или кисело млеко (по желба може да додадете и без калориски засладувач или мед).

Нутритивни вредности:
Калории:419 Јаглехидрати:65g Масти:8g Протеини:25g

За повеќе здрави и вкусни рецепти посете ме на мојот инстаграм профил: https://www.instagram.com/the_fitnesscook


Mануел Трајчев

Коментари