ОРГАНСКИ БИСКВИТИ ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА, ДОСТАПНИ ВО МАРКЕТИТЕ НА ДМ

Неколку совети за организиран и продуктивен ден

„По утрото и денот се познава“ стара мудра поговорка, како ќе го започнеме така и ќе го поминеме. Ние сами се одлучуваме за тоа како ќе го започнеме денот, дали стануваме во добро разположение или при станување си велиме “ леле, ајде денов побрзо да заврши“. Еве неколку насоки како да „самопрограмирате“ за подобар ден и да ги завршите сите задачи кои што сте ги планирале.

1. Започнете го денот со позитивно расположение.                                    Обидете се во секој ден за најдете нешто позитивно за да го започнете, затоа што ставот со кој ќе започнете денот има големо вијание на Вашиот процес за остварување на целите.

2. Добро појадувајте и без брзање за на работа.

3. Започнете со работа во исто време. Ова е елемент на самодисциплина која промовира мобилизација на силите.

4. Проверете ги плановите на денот. Користете го методот на AБВ анализа или принципот Ајзенхауер.           Утврдено е дека десетминутната подготовка за работниот ден заштедува до два часа работно време. Покрај тоа, кога планирате работен ден, земете го во предвид следново правило: треба да планирате не повеќе од 60% од вашето време, а 40% е резервен фонд за неочекувани и итни работи.

5. Прво, завршите ги приоритетните задачи.                                              Работниот ден треба да го започнете со задачите на групата А, сите други работи можат да чекаат. На пример, приоритет треба да бидат пристигнатата електронска работна пошта, од колку вести од интернет.

Дисциплината го прави човекот поефикасен во извршувањето на задачите и побрзо достигнување на неговите цели. Започнете од нешто мало и базично за да ја воочите разликата.

Лиа Барбун

Exit mobile version