Храна и живот

Науката потврди: jаболката се најдобар избор за слабеење

Сигурно досега неколку пати сте ја слушнале фразата  „Јадете една јаболка на ден и ќе го држите докторот подалеку од вас“ или „One apple a day keeps the doctor away“. Изгледа дека најновите медицински истражувања ја потрврдуваат оваа фраза.

Јаболките содржат анти-ејџинг (anti-aging) компоненти

Начинот на кој старееме  зависи од нашите гени, но колку брзо и (не)здраво старееме е во наша контрола.

Научниците постојано трагаат по природен начин кој ќе го успори стареењето, така откриле дека фисетинот (полифенол од група на флавоноиди) кој може да се најде во јаболката, јагодите, краставици, кромид итн. има силен ефект врз брзината на стареењето.

Богатство од растителни влакна

Храната богата со растителни влакна е важна за дигестивното здравје и за одржување на ниски нивоа на холестерол. Исто така и за превенција на срцеви заболувања, дијабетес и гојазност.

Според истражувањата, една јаболка со лушпа содржи 4,4 грама солубилни влакна што, во зависност од вашата возраст, е околу 15% од дневните препорачани дози.

Реклама biskviti za deca

Јаболката може да го намалат ризикот од астма

Го подобрува пулмоналното здравје и превенира појава на астма.

Истражувањата покажале дека кај луѓе кои јадат по 5 јаболка неделно е забележана подобра функција на белите дробови отколку кај луѓе чија исхрана не вклучува јаболка.

Одлични за хидратација

Дали знаете дека јаболката содржат 86% вода? Ако барате начин да останете хидрирани во текот на целиот ден, секогаш носете си со вас неколку јаболка.

Јаболков оцет

Низ историјата, јаболковиот оцет бил природен лек за секаков вид здравствен проблем, од болно грло, ослободување од киселини, па се до икање.

Јаболките помагаат во намалување на килажа

Ова не е научна фантастика. Веќе спомнавме дека јаболката се богати со солубилни влакна и вода, не содржат масти или артифициелни состојки.

Затоа, една чинија сецкани јаболка е попаметна одлука отколку една чоколада. Нутриционистите велат дека луѓе кои јадат 3 јаболка на ден имаат повеќе шанси за намалување на телесна тежина отколку оние кои не јадат.

Јаболката имаат малку калории

Во зависност од големината, една јаболка просечно има околу 90 калории. Тоа е уште еден факт кој ви покажува дека помагаат при слабеење.

Имаат цела палета на витамини и минерали

Јаболката содржат околу 14 % од дневните препорачани дози на витамин Ц и 5 % од витамин Б6, 2% витамин А, калциум и железо. Содржи 195 мг калиум, што всушност е 6% од дневните препорачани дози на калиум.

Вкусни се и разновидни

Направете сок од јаболка, слатко или џем, испечете пита или желе, вкусете јаболка од различна боја- црвена, жолта, зелена.  Научете и некој солен рецепт во кои има јаболка или едноставно јадете ги свежи, тоа е нивната совршена форма.

Без разлика за каква варијанта ќе се одлучите, јадете ја и лушпата, таа е најбогата со витамини.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button