Здравје кај деца

Зошто омега-3 масните киселини се задолжителни во исхраната на децата

Сите масти не се штетни. Омега-3 масните киселини се „добри“ масти. Помагаат во намалувањето на ризикот од појава на срцеви заболувања, депресија, деменција и артритис. Вашето тело може да ги создаде, но можете да ги внесете и преку исхраната или суплементи.

Постојат три типа Омега 3 масни киселини

Омега-3 мастите се јавуваат во три форми.  DHA и EPA, кои може да ги внесете со јадење на риба, и третиот тип, познат како ALA, кој се наоѓа во растителните масла, ленено семе, ореви и листест зеленчук.

Неколку придобивки од внесувањето на омега 3 масните киселини кај деца

  • Го поддржуваат детскиот когнитивен развој. Децата кои внесуваат доволно омега- 3 покажуваат подобра координација на рацете, социјални вештини и зголемена концентрациј.;
  • Ја зголемува способноста на детето за учење, го подобруваат читањето и меморијата.
  • Се од суштинско значење за добар вид и функција на очите.
  • Помагаат за добар имунитет.

Ризици од недостаток омега-3 масни киселини во исхраната

  • Ослабување на имунолошкиот систем што резултира со почести воспаленија и кожни проблеми.
  • Децата со аутизам, ADHD (Attention deficit hyperactivity disorder) и дислексија обично имаат ниски нивоа на омега-3 масни киселини.
  • Проблеми со менталното здравје: депресија, биполарно растројство и пост породилна депресија.
  • Губиток на меморијата и способноста за размислување и/или лоши резултати на психолошките и бихејвиоралните тестови.

Како да се подобри концентрацијата, меморијата и способноста за учење кај децата?

  • Јадете риба барем два пати неделно (лосос, сардини, туна, скуша). Внесувајте ленено семе, ореви и други јаткасти плодови.
  • Научете ги децата да учат секогаш во ист период од денот, и на исто место.
  • Играјте мемориски игри со децата, спојувајте сложувалки, играјте шах и други активности кои поттикнуваат мисловен напор.
  • Цртање и боење цртежи со голем број ситни детали.
  • Вежби со комбинации – вметнување зборови, асоцијации, синоними и споротивности.
  • Задачи за набљудување на одредени фотографии или ситуации во ограничен временски интервал по што детето би требало усмено или писмено да ги опише со што ја вежбаме краткотрајната меморија.

Најважно од сѐ е секогаш да бидете присутни во животот на вашите деца и да им бидете на располагање за сите нивни потреби и прашања.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button