Дијабетес

Дали знаете зошто ноември е посебен за луѓето со дијабетес?

14-ти Ноември – Светскиот ден на Дијабетесот Конечно дојде нашиот омилен месец.

Дали знаете зошто ноември е посебен за луѓето со дијабетес?

Бидејќи ноември е месец на кревање на свеста за дијабетесот! Овој ден се слави на глобално ниво. За прв пат беше воведен во 1991 година од страна на Светската Здравствена Организација и Меѓународната Федерација за Дијабетес. Целта на овој ден е се прошири пораката за дијабетесот и подигнување на свеста за истиот. Овој ден се прославува низ целиот свет, опфаќајќи стотици кампањи, проекции, активности, предавања, состаноци и многу други манифестации. 14-ти ноември е значаен датум бидејќи го одбележува роденденот на Фредерик Бантинг, човекот кој заедно со Чарлс Бест го открил инсулинот во 1922 година. Прославете го овој месец, особено Светскиот Ден на Дијабетесот. Доколку имате дијабетес, споделете ја вашата приказна и искуство со дијабетесот со други луѓе и учете едни од други. Доколку немате дијабетес, а сакате да нѐ поддржите, носете некој син детал или пак сина облека.

 

Ако сакате да дознаете повеќе за начинот на живот и предизвиците со кои лицата со дијабетес секојдневно се соочуваат, посетете го мојот персонален блог www.diabetesismylife.com/ 

Реклама biskviti za deca

 Тања Шатановска

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button