Кардиоваскуларен системСтручна Помош

д-р Марија Јованоска: НИЗОК КРВЕН ПРИТИСОК – Физиолошка појава или сигнал за можно сериозно пореметување

Хипотензија или низок крвен притисок е состојба спротивна на хипертензија, која не е толку честа појава, но сепак е здравствена компликација.

Најдобро е да се разбере како физиолошка состојба, а не болест.

Претерано низок крвен притисок може да го лиши мозокот и другите витални органи од кислород и хранливи материи, што доведува до опасна по живот состојба наречена шок.

По дефиниција систолен крвен притисок помал од 90 милиметри живин столб (mm Hg) или дијастолен со помалку од 60 mm Hg генерално се смета за хипотензија.

За некои луѓе кои вежбаат и кои се во врвна физичка состојба, нискиот крвен притисок е знак за добро здравје. За многу луѓе, прекумерно низок крвен притисок може да предизвика вртоглавица и несвестица или да укажува на сериозни срцеви, ендокрини или невролошки пореметувања.

Реклама

Падот на крвниот притисок се карактеризира со омалаксаност, бледило, недостаток на енергија, замор, вртоглавица, несвестица, слабост, слаба меморија.

Ваквите луѓе се чувствуваат поспани во утринските часови и им треба стимуланси во форма на кафе за да се разбудат.

Кога нема доволно крв во коронарните артерии, може да се јави и болка во градите или дури и срцев удар.

Доколку бубрезите не се снабдени доволно со крв, токсините не се отстрануваат од телото во доволна мера и може да дојде до нивна акумулација.

Во најлош случај може да доведе до развој на шок (состојба опасна по живот кога виталните органи се оставени без доволно крв и не можат да ја извршуваат својата функција).

Добро е да се знае како да се справиме со оваа состојба и да знаеме кои се едноставните чекори за прва помош во случај на хипотензија:

Неопходно е да се зголеми внесот на течности и сол, солта ја врзува водата во телото и го зголемува обемот на циркулацијата на крвта.

Кофеин, гуарана и други стимуланси влијаат на зголемување на крвниот притисок, но во зголемени дози може да предизвикаат брзо чукање на срцето.

Ѓумбирот ја стимулира циркулацијата и може да се користи и како зачин во храната.

Хипотензија како резултат на слабокрвност или анемија со употребата на чај од коприва, цвекло  се подобрува  железо, а со тоа и крвниот притисок.

Вообичаена практика што ја следат повеќето луѓе е да јадат солена храна за да се подобри нивото на сол во телото, со што се стабилизира крвниот притисок.

Откако ќе почувствувате дека вашиот крвен притисок се нормализира, веднаш консултирајте се со вашиот матичен лекар за да ја дијагностицирате точната причина.

д-р Марија Јованоска
ПЗУ ОМНИС

Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button