Гастроинтестинален систем

Синдром на нервозно дебело црево

Синдромот на нервозно дебело црево е една од најнепријатните стомачни тегоби, но и најчесто гастроинтестинално заболување во клиничката пракса. Ова нарушување влијае на квалитетот на секојдневниот живот.

Симптоми: подолго време болки и нелагодности во стомакот, грчеви, чувствувате подуеност, гасови, промени како опстипација или дијареа.

Облици на синдром на нервозно дебело црево:

  1. Кај првиот облик кој почесто се појавува кај жените, а е наречен спастичен колон во клиничката слика доминира болката во пределот на стомакот и опстипација.
  2. Кај вториот облик, пак, карактеристичен симптом е дијареата, која може да e повремена или честа. Оваа состојба е почеста кај мажите.
  3. Кај третиот облик, пак, наизменично се јавуваат дијареа и опстипација, со појава на слуз во изметот. Кога се јавува болка карактеристично е тоа што таа се засилува за време по јадење, а се намалува по празнење на цревата, но не значително. Празнењето на цревата е поретко од 3 пати неделно, а честопати знае да биде отежнато, непотполно и болно. Честопати овие пациенти имаат и хемороиди. Но, без разлика на симптомите, општата состојба кај овие пациенти е добра.

Кога да побарате лекарска помош?

Доколку почувствувате некакви промени кои асоцираат на симптомите кои ги дава синдромот на дебело нервозно црево, најдобро е да се консултирате со доктор бидејќи одредени симптоми може да укажуваат и на посериозна болест, како карцином на дебело црево. Симптоми кои укажуваат на посериозна состојба се: ректално крвавење, абдоминална болка која се зголемува во текот на ноќта, нагло губење телесна тежина.

Реклама - Healthy Store

Како се одвива прегледот кај лекар?

Прегледот почнува со разговор со гастроентерохепатолог, потоа следува физикален преглед, детална лабораториска анализа, ехо на стомакот, испитување на фецесот и ректосигмоидоскопија. Кај пациентите над 40 години кај кои има крвавење во столицата се препорачува колоноскопија.

Лекување:

Лекувањето трае подолго и обично е насочено кон намалување на тегобите односно кон воспоставување на нормално функционирање на дебелото црево.

– Намалување на болката и грчевите во стомакот,

– Да се намалат појавите на проливот и запекот,

– Да се одстранат стресните состојби или да се научат да се справуваат со нив.

– Подобрување на исхраната (чести и не обилни оброци, храна со растителни влакна, да се намали храната што предизвикува создавање на гасови, избегнување на зачинета и топла храна, откажување од пушење и употреба на алкохол, употреба на билни чаеви и сл.)

Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button