Кај настинката симптомите се јавуваат постепено еден по друг. Додека пак, грипот започнува изненадно со висока температура, болки во мускули и зглобови, главоболка, сува кашлица и губење на апетит.
Кај настинката најчесто е присутна малаксаност, болки при голтање, течење на нос, воспалени очи, кивање, кашлица како и болки во мускули и зглобови, губење на апетит и висока температура.
Симптомите може да варираат и не се секогаш исти.
И покрај разликите, сепак постои еден многу важен факт кој е заеднички и за грипот и за настинката. Тоа е : Антибиотиците се лекови против различни бактерии, а против вирусите настинките и грип тие се сосема неефикасни.
Затоа, не земајте антибиотици на своја рака! Конзумирајте многу течности (вода, супи, природни сокови), витамин Ц, одмарајте и зајакнете го имунитетот и секако консултирајте се со вашиот матичен лекар.
д-р Марија Јованоска
ПЗУ ОМНИС