ОРГАНСКИ БИСКВИТИ ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА, ДОСТАПНИ ВО МАРКЕТИТЕ НА ДМ

д-р Маја Мојсоска: разлика меѓу обична настинка и алергиски ринит

Најчестата алергиска болест кај нас е алергија на полен. Погодените луѓе реагираат на еден или повеќе видови полен, обично треви или цутови од дрвја во рана пролет.

Причини и предизвикувачи на алергија на полен

Алергија на полен, која често се наследува, е реакција на еден или повеќе видови полен. Имунолошкиот систем реагира на безопасните протеини на поленот. Вдишување или директен контакт со поленот ослободува хистамин кај луѓе кои страдаат од алергија , што доведува до воспаление на конјунктивата на очите и назалната мукоза.

Сезонски алергени може да ги поделиме на три групи:

Како да препознаеме дали станува збор за обична настинка или за алергија?

Едноставно, обичната настинка трае приближно една недела, може,а и не мора да биде проследена со  температура и се јавува во студените месеци од годината. Алергиската настинка се јавува напролет и трае со недели или со месеци, речиси никогаш не е проследена со температура, а проблемите се обично зголемени во определен дел од денот.

Најчести симптоми на алергиja: алергиски ринитис, редок, воденест исцедок од носот, често придружен со кивање и чешање во носот, очите и грлото како и солзење на очите. 

Алергискиот ринитис често се појавува во детството, и ако е од потежок вид подоцна може да се поврзе со појава на астма, која преставува тешка форма на алергија на целиот респираторен систем,потоа синуситис и отитис.

Кај децата симптомите на алергија и алергиски ринитис може негативно да влијаат на когнитивното функционирање и успехот во училиште.

Дијагноза и диференцијална дијагноза

Дијагнозата се поставува со сеопфатна медицинска историја, детална анамнеза, тестови на кожата и крвта . Слични симптоми може да се појават со домашна прашина или алергија на мувла. Главните разлики се во локалната и временската појава на поплаките (симптомите).

Терапија и третман

За жал, алергијата на полен не може да се излечи. Но, непријатните симптоми што ги предизвикува можат успешно да се ублажат.  Важно е да го посетите вашиот алерголог пред почетокот на сезоната на алергија на полен (крајот на февруари), така што ќе ви е пропишана соодветна терапија за да ги ублажите симптомите.

За да се спречат или намалат симптомите првично треба да се избегнува контакт со полен колку што е можно повеќе. Но сепак, кога ќе се дојде во контакт со поленот и дојде до појава на симптоми постојат различни лекови во форма на спреј за нос, капки за очи или таблети.

Треба да се нагласи дека симптомите на оваа алергија, особено кај најмладите, не треба да се занемаруваат за да не дојде до појава на хронична астма.

Пред сè, за третирањето на алергијата е потребно да се постави точна дијагноза.

Откако ќе се постави точна дијагноза дека се работи за алергија од полен се започнува со третирање на симптомите на алергија со медикаментозна терапија која вклучува:

Секоја од овие групи на лекови има свои несакани дејства кои можат да ја влошат состојбата на лица со алерија. Затоа најдобар и најбезбеден третман е оној кој е препорачан од лекар.

Совети и трикови за да се ​​намалат ризиците

д-р Маја Мојсоска

Exit mobile version