Настинка и грипСтручна Помош

д-р Марија Јованоска: Настинка, грип и нивни разлики-Грип

Грип –Добро е да  напоменам уште на самиот почеток дека повторно се работи за вирусна инфекција која има сезонски карактер. За да се заболи од грип мора најпрво да се дојде во контакт со вирусот. Вирусот може да влезе во телото преку аеро-капков пат, а може и преку контакт со контаминирани предмети. Покрај брзиот почеток, по инкубацијата  симптоми кои најчесто се јавуваат се: покачена температура, треска, главоболка, сува кашлица, суво грло, затнат нос, болки во мускулите, замор и тн.
Грипот може да се спречи со вакцинирање. Вакцинирањето се врши од ноември или декември уште пред да се појави грипот, а вакцинирањето се повторува секоја година. Вакцината не гарантира долготраен имунитет, а делува само против оние подтипови кои се присутни во вакцината. Секоја година помеѓу нас кружат најразлични подтипови на вируси и затоа секоја година се менува составот на вакцината.
Терапијата на грип е сиптоматска, се препорачува зголемен внес на течности,витамини и одмор. Лекувањето обично трае 7-10 дена.
Дополнителна терапија и дијагностика ќе одреди вашиот матичен лекар по деталниот преглед и постоење на индикација.

 

д-р Марија Јованоска
ПЗУ ОМНИС

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button