Бубрежни болестиЗдравје од А до Ш

Намирници кои се добри за здравјето на вашите бубрези

Хроничното заболување на бубрезите влијае на голем број луѓе, а сите оние кои страдаат од дијабетес, срцеви заболувања или висок крвен притисок имаат висок ризик и од заболување на бубрезите.

Но, ризикот од заболување на бубрезите или постојните проблеми со бубрезите може значително да се намали со промена на вашата исхрана. Зголемениот внес на овие продукти е клучот кон успехот.

  1. Лук
    Свежиот лук е одлична опција за исхрана која е погодна за бубрезите бидејќи содржи антиинфламаторни својства и го смалува холестерол. Она што е добро кај лукот е тоа што на храната и дава дополнителен вкус без потреба од адитиви кои не се погодни за одржување на здравјето на бубрезите. Лукот е полн со антиоксиданси, а бројни истражувања укажуваат дека редовната конзумирање на лук помага и во борбата против ракот. Сепак, имајте во предвид дека лукот може да предизвика надуеност и гасови.
  1. Маслиново масло
    Во делови од светот каде што се користи маслиново масло наместо путер или други масла, има помалку срцеви заболувања, рак и болести на бубрезите. Маслиновото масло е богато со антиоксиданти кои го спречуваат оштетувањето предизвикано од слободните радикали и помагаат при воспаление на артериите.
  2. Белка од јајце
    Белката од јајце е богата со витамини и минерали кои можат да го подобрат целокупното здравје. Белките се богати со протеини и железо. Тие се скоро без маснотии и имаат помалку од 1 процент јаглехидрати.
  3. Кромид
    Како и лукот и кромидот е полн со антиоксиданти кои помагаат при срцеви и бубрежни заболувања. Кромидот има антиинфламаторно дејство, особено ако се консумира свеж.
  4. Свежа риба
    Рибите како лосос, пастрмка, харинга и сардини се полни со протеини и омега 3 масни киселини, кои телото не може да ги произведе самостојно. Оние кои редовно консумираат свежа риба го намалуваат ризикот од срцеви заболувања, висок крвен притисок и холестерол и го смалуваат развојот на хронично заболување на бубрезите.
  5. Брусница
    Иако сите видови бобинки се здрави и полни со антиоксиданти, брусницата треба да биде особено забележана по својата единствена способност да се бори против инфекциите на уринарниот тракт. Брусниците се добри и за намалување на ризикот од срцеви заболувања и некои видови на рак.

    7.Јаболка
    Јаболката е поврзана со намален ризик од срцеви заболувања, некои видови на рак и намалено ниво на холестерол, а исто така имаат добар ефект врз бубрезите.

    8.Кељ
    Кељот е зеленчук сличен на зелката, брокулата и карфиолот кој е полн со растителни влакна и витамини Ц и К, кои им се потребни на бубрезите за да функционираат со максимален капацитет, но кељот е на самиот врв бидејќи е богат со железо и бета-каротен.

Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button