Мултиплекс склероза (МС) е хронична автоимуна болест која влијае на централниот нервен систем. Може да предизвика широк спектар на симптоми, вклучувајќи замор, мускулна слабост и тешкотии со рамнотежата и координацијата.
Иако не постои лек за МС, постојат многу начини за самите себе да си пружите нега кои им помогнат на поединците да управуваат со нивните симптоми. Ова воедно го подобрува и нивниот квалитет на живот.
Дајте приоритет на одмор и спиење
Заморот е еден од најчестите симптоми на МС. За да се справите со замор, важно е да се даде приоритет на одмор и спиење. Ова значи да спиете доволно секоја вечер и да правите паузи во текот на денот кога е потребно. Исто така, важно е да го слушате вашето тело и да избегнувате да претерување со физичка активност.
Редовно вежбајте
Иако одморот е важен, вежбањето е исто така клучно за управување со симптомите на МС. Редовното вежбање може да помогне да се подобри мускулната сила и координација, да се намали заморот и да се подобри расположението. Некои добри опции за вежбање вклучуваат пливање, јога и пешачење.
Практикувајте здрава исхрана
Јадењето здрава исхрана исто така може да помогне да се справите со симптомите на МС. Исхраната богата со овошје, зеленчук и мешунки може да обезбеди основни хранливи материи и да помогне да се намали воспалението во телото. Исто така, важно е да останете хидрирани со пиење многу вода во текот на денот.
Управувајте со стресот
Стресот може да ги влоши симптомите на МС, па затоа е важно да се најдат начини за управување со него. Ова може да вклучува практики како што се медитација или свесно, длабоко дишење. Исто така, важно е да се даде приоритет на активностите за грижа за себе кои ви помагаат да се опуштите и наполните енергија, како што се бањање, читање книга или поминување време со саканите.
Најдете поддршка
Животот со МС може да биде предизвик, па затоа е важно да се најде поддршка. Ова може да вклучува, разговор со терапевт, приклучување на група за поддршка или поврзување со пријателите и семејството.
Користете помагала
Помагалата исто така можат да бидат корисни за управување со симптомите на МС. На пример бастун може да ја подобри рамнотежата и стабилноста, додека инвалидска количка може да помогне во мобилноста. Разговарајте со вашиот специјалист за тоа кои помагала би можеле да бидат соодветни за вас.
Прилагодете ја вашата домашна средина
Правењето промени во вашата домашна средина може да помогне во справувањето со МС. На пример, поставувањето шипки за држење во бањата, користењето на подлоги кои не се лизгаат во кадата и користењето на подигната тоалетна школка.
Редновно земајте ги препишаните лекови
Лековите играат важна улога во управувањето со симптомите на МС. Важно е да земате лекови како што ви е пропишано и да ги следите сите промени. Исто така посетувајте го вашиот специјалист во однапред договореното време и не пропуштајте ги прегледите.