Секоја втора жена во светот има проблеми со кожата. Без разлика дали станува збор за проблеми со мрсна, сува или кожа со акни, третманот знае да биде макотрпен и скап. Но, од друга страна пак, природното лекување е секогаш добредојдено и ефективно.
Имате проблем со мрсна кожа и блед тен?
Ние имаме решение за вас.
Чај од магданос
Чајот од магдонос е добар за блед тен и одличен за нега на мрсна кожа. Додадете прстофат магданос во половина литар вода која што почнува да врие и тргнете ја настрана (вриењето ги уништува драгоцените својства на магданос).
Поклопете го чајот и оставете го да постои половина час. Откако ќе се прецеди и доволно ќе се излади, се мие лицето неколкупати дневно. На секое миење се прави нов чај.
Сок од краставица
Исцедете околу 250 милилитри сок од краставица и помешајте со исто толку вода од розова вода. Со врвовите на прстите измасирајте ја кожата. Овој лосион ја освежува кожата и овозможува повторно, полесно да дише.
Ајдучка трева
Чајот од ајдучка трева прави чуда за мрсната кожа. Некои ботаничари го препорачуваат и за акни. Во подлабок сад ставете 30 грама суви или свежи лисја од ова растение и додајте половина литар врела вода.
Оставете го да постои 10 минути, а потоа прецедете го. Натопете платно со овој раствор и ставете го на лицето. Повторно натопете го кога ќе почне да се лади, бидејќи платното треба да биде колку што е можно потопло.
Повторувајте ја постапката 10 минути, а потоа избришете го лицето без плакнење. Постапката се повторува наутро и навечер. За да се постигнат подобри резултати, посебно кај акните, треба да бидете упорни и да го користите чајот неколку недели.
Чај од жалфија
Чајот од жалфија се подготвува како индијски чај, овој чај е едноставен, но добар лек за мрсна кожа. Со него се мие лицето повеќепати во текот на денот.