Мононуклеоза-болест на бакнежот

Другото име на инфективна мононуклеоза е болест на бакнежот затоа што најчесто се пренесува при директен контакт со плунката на заразениот.
Алтернативни имиња на болеста: болест на вљубени, моноцитна ангина, жлездена треска.. инфективна лимфоцитоза.
Најчесто се јавува кај млади помеѓу 15 и 25 години иако може да се јави и кај постари.
Први симптоми: слабост, главоболка и покачена температура.
Подоцна се јавуваат зголемување на лимфни јазли, црн дроб и слезина.
Лекување: Мононуклеозата не бара никаков посебен третман, освен строго мирување,избегнување на бакнежи и било каква физичка активност еден месец од моментот на поставување на дијагноза. За тоа време се советува збогатена исхрана и многу течности.
Лекувањето е симптоматско: витамин А и Е се неизбежни, а потешките случаи се лекуваат со кортизони.ж
Дијагноза: се поставува врз база на темелна клиничка слика. Се забележува дискретна леукоцитоза со доминација на специфични клетки „атипични лимфоцити“ или „клетки на инфективна мононуклеоза“.