Здравје од А до Ш

Временските промени и нивното влијание на нашето здравје

Некои луѓе се чувствуваат уморни кога се менуваат временските услови, но и покрај тоа не можат да заспијат, други пак, се нервозни кога е студено, тажни и депресивни или имаат главоболки и болки во зглобовите и коските кога врне дожд.

Ова е затоа што нивната способност да функционираат зависи многу од временските услови. Овој ефект на промена на времето врз однесувањето и здравјето на луѓето се нарекува метеоропатија.

Како времето влијае на нашето здравје?

Електромагнетните бранови кои се создаваат во атмосферата секогаш кога времето се менува влијаат на нашиот организам. Наглите промени на температурата, притисокот и влажноста на воздухот го оптоваруваат организмот.
Но покрај електромагнетните бранови, климатските промени, како и неможноста човековиот организам брзо да се прилагоди на овие промени, е една од важните причини за појава на сѐ поголем број метеоропати.

Постојат две групи на метеропати

  1. Примарна група во која спаѓаат лицата кои немаат здравствени проблеми, а при промена на времето чувствуваат општа слабост и болки во одредени делови на телото.
  2. Секундарна група во која спаѓаат лицата кои веќе имаат хронично заболување, како висок крвен притисок, срцеви проблеми, дијабетичари, луѓе со проблеми во мускулите и во коските. Промените на времето само дополнително ги влошуваат симптомите кои ги имаат.

Симптоми

Симптомите може да се појават 24-48 часа пред промената на времето.

Најчести симптоми се:

Реклама biskviti za deca
  • Депресија;
  • Главоболка;
  • Вртоглавица;
  • Физичка слабост;
  • Хипертензија;
  • Зголемена чувствителност на болка во зглобовите и мускулите;
  • Влошување на симптомите на постојните болести;
  • Промени во расположението;
  • Зголемено срцебиење(тахикардија).

Неколку совети како да ги намалите последиците од временските промени

  • Хронично болни треба секојдневно да ја следат биометеролошката прогноза и редовно да ја земаат препишаната терапија. Доколку им се влоши здравствената состојба, треба веднаш да се јават на лекар.

  • Поминувајте повеќе време на отворено. Секој слободен ден искористете го за прошетка надвор од домот или работното место, на чист воздух, без разлика на временските услови, така го „тренирате“ вашиот организам полесно да се прилагодува на временските промени.

  • Секојдневно вежбајте најмалку половина час.

  • Метеоропатите не треба да претеруваат со земање лекови за да ги ублажат тегобите. Најдобро е да користат природни лекови како чаеви од камилица, нане или маточина.

  • Хранете се здраво. Секој ден во вашиот оброк нека преовладува овошје и зеленчук. Еден од начините да ги намалите последиците од временските промени е да пиете поголеми количини вода и доволно да спиете.

Метеропатијата честопати е напорна и тешка за издржување особено во периоди од годината кога времето е променливо, но не дозволувајте  студеното време, сивото небо или дождот да ви го расипат расположението, бидејќи утре е нов ден, сонцето повторно ќе изгрее.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button