Нашиот метаболизам ги вклучува сите работи кои му се потребни на телото да ја претвори храната во енергија и да нè одржи во живот.
Некои работи кои влијаат на тоа дали нашиот метаболизам е брз или „мрзлив“не можеме да ги контролираме, како возраст, пол и генетика. Некои луѓе имаат побрз метаболизам од други. Но, откако ќе сфатите дека тоа е нормална појава, забрзувањето на метаболизмот зависи од вас. Фокусирајте се на она што може да направи разлика, а тоа е вежбањето.
Мускулните клетки бараат многу енергија, што значи дека тие согоруваат и многу калории дури и кога не вежбате.
Вежбањето станува многу поважно кога сте постари. Природно, со годините се губи мускулна маса, што значи и успорување на метаболизмот.
Едноставно е. Предизвикајте ги ваште мускули на овие два начини:
- Засилете го вашиот тренинг. Секаков вид на аеробни вежни, без разлика дали трчате или вежбате зумба, согоруваат калории. Направете го тренингот поинтензивен и вашето тело ќе согори повеќе калории.
Пробајте со интервали. Можете да вежбате било каков вид кардио вежби. Основната идеја е да правите баланс помеѓу вежби со голем и мал интензитет.
На пример, направете колку што можете повеќе „jumping jacks“ во една минута, потоа одете во место 2 минути. Повторувајте го ова 15 минути.
- Дигајте тегови. Бидејќи мускулите согоруваат многу калории, нивното зајакнување ќе помогне во тоа да согорите повеќе калории со помалку напор, дури и при мирување.
Два пати неделно, правете една или две серии од по 12-15 повторувања на вежби за секоја група на големи мускули (стомачни, бицепс, мускули на задникот или квадрицепс).
Со ваков вид на тренинг, покрај метаболизмот, бенефит ќе имаат и срцето, коските дури и вашето расположение.