ОРГАНСКИ БИСКВИТИ ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА, ДОСТАПНИ ВО МАРКЕТИТЕ НА ДМ

Менстурални чашки и сѐ што треба да знаете за нив

Иако низ светот употребата и корисноста на менстуралните чашки веќе не е новост, на овие простори сѐ уште постои двоумење, пред сѐ заради неинформираност за овој “нов” производ за жени. Додека во Велика Британија менстуралните чашки станаа дел од владината програма како бесплатен прибор за секоја девојка на училиште или факултет, во нашиот регион нивната употреба е многу ретка, па ќе се обидеме да ви ги разрешиме сите дилеми и табуа поврзани со овие чашки.

Што е тоа менстурална чашка?

Менструалната чашка е алтернатива на употребата на влошки и тампони. Првата менстурална чашка за повеќекратна употреба била патентирана и презентирана од Леона Чалмерс во 1937 година. Првите чашки за оваа употреба биле направени од гума, но денешните чашки се изработуваат од медицински силикон, што ги прави побезбедни за телото дури и од влошките и тампоните.

Менстуралните чашки претставуваат производ за повеќекратна употреба за женска хигена во вид на инка, кој се вметнува во вагината и ја собира менструалната крв – спротивно од она што го прават влошките и тампоните кои ја апсорбираат крвта, со што се спречува иритација и сувост на кожата. Заради својата многукратна употреба, чашките се и еколошки производ, со рок на траење и до 10 години, со што заменуваат стотици влошки и тампони.

Како се употребува?

Пред првата употреба, чашката треба да се стави да врие во вода најмалку 5 минути за да се стерилизира, а потоа е спремна за користење. Се вметнува исто како и тампон, но стои пониско во вагиналниот канал, па е невозможно да отиде нагоре. Најважно е да бидете опуштени при вметнување на чашката, а доколку имате потешкотии, може да ја наводените или да користите лубрикант на база на вода за полесно вметнување.  Има неколку начини на свиткување на чашката за да ја вметнете во вагиналниот канал, па добро е да ги пробате сите за да откриете кој најдобро функционира за вас. Чашката потоа се отвора во каналот и формира непропустлив спој со ѕидовите на грлото на матката, па доколку е добро наместена, невозможно е да се случи протекување. Секако, потребно е неколку пати да се обидете пред да научите да ја користите правилно и да бидете безгрижни додека ја носите.

Колку често треба да се празни?

Сѐ зависи од големината на чашката што сте ја избрале и обилноста на крварењето. Доколку имате обилно крварење се препорачува да ја празните на секои 5-8 часа, додека во денови кога имате нормално крварење може да ја оставите и до 12 часа. Чашката се празни во тоалетот, потоа се измива со чиста вода и повторно се вметнува. Хигиената е клучна во овој процес, па секогаш пред да ракувате со чашката, убаво измијте ги рацете со сапун и вода.

Кои се предностите од користење чашка?

Безбедна е за телото – бидејќи е направена од медицински силикон и е хипоалергенска, не содржи во себе никакви хемикалии, пластика или белила како што е случајот со тампоните и влошките. Со тоа што ја собира крвта, а не ја апсорбира, се спречува сувост и иритација на вагината и кожата и не се нарушува рамнотежата на природните течности во вагината.

Претставува добра еколошка алтернатива, бидејќи една менстурална чашка на годишно ниво заменува најмалку 250 влошки и тампони, а рокот на траење ѝ е и до 10 години со правилно коритење и одржување.

Не само што е добра за околината, туку со тоа што не користите влошки и тампони, многу заштедувате. Можеби цената на една чашка ќе ви звучи како поголема инвестиција, но исплатливоста е очигледна уште по првата година од користењето. Неспоредлива е доколку пресметате колку пари би потрошиле за влошки и тампони во наредните 8-10 години.

Но, можеби најважно од сѐ е тоа што добивате чувство на целосна удобност и безгрижност – можете сосема да заборавите на менструацијата и да си уживате во секојдневието, во било кој ден од месецот.

Каде може да се купи?

Менструалните чашки на шведскиот бренд INTIMINA се достапни во продавниците на dm и онлајн на www.intiminazatebe.mk, каде ќе најдете повеќе информации за тоа која чашка е соодветна за вас, како и детални прирачници за употреба. Иновативниот дизајн на овие чашки кој се прилaгодува на женската анатомија ги прави совршени за употреба за секоја жена!


М.Д

Exit mobile version