Менингитисот претставува заразно заболување предизвикано од вирус, бактерија или некои габи, а се карактеризира со воспаление на менингите, односно мембраните кои го обвиваат мозокот.
Ова заболување најчесто е резултат на инфекција која до мозочните обвивки може да дојде преку крвната циркулација или од околни структури (параназални синуси, средното уво и др.).
Разлика меѓу вирусен и бактериски менингит
- Акутен бактериски менингитис е тешко заболување, доколку не се лекува може да доведе до смрт за помалку од 24 часа. Рано препознавање е од витално значење за да се избегне одложување на терапијата.
- Симптомите на вирусен менингитис наликуваат на тие на бактериски менингитис во раниот стадиум на болеста, но вирусниот менингитис е помалку тешко заболувањесо добра прогноза и обично бара симптоматска терапија.
Менингит кај деца
Најчест причинител на бактериски менингитис:
● Кај деца помлади од 3 месеци, Streptococcus agalactiae и Listeria monocytogenes
● Кај постари деца, Streptococcus pneumoniae и Neisseria meningitides
Вирусниот менингитис најчесто е причинет од ентеровируси.
Симптоми
Дете со бактериски менингитис оддава впечаток на тешко болно и не се чувствува удобно во било која положба.
Кај постари деца, симптоми се висока температуре, главоболка, повраќање, пореметување на свеста и вкочанетост на вратот.
Малите деца не мора да имаат вкочанетост на вратот, туку само пореметување на свеста и преосетливост при преглед. Тие може да манифестираат абнормално плачење, хипотонија или невообичаена боја на кожата.
Дијагноза
Важно е рано да се препознае менингитис и да се разграничи помеѓу бактериски и вирусен менингитис.
- Кај бактериски менингитис, наодите често укажуваат на бактериска инфекција (покачен ЦРП-ц реактивен протеин, леукоцити)
- Кај вирусен менингитис, вредностите на ЦРП се нормални или само малку покачени, а бројот на леукоцитите во крвната слика може да бидат ниски или малку покачени
Превенција на менингитис кај деца
1.Неспецифична – е да се ограничи контактот со пациенти со менингококна инфекција. За време на епидемија, се препорачуваат респиратори и друга достапна заштитна опрема.
2.Специфична – главниот настан за специфична превенција на менингитис е вакцинација во раното детство. Неколку видови вакцини можат да го заштитат развојот на оваа болест:
- тривацин за рубеола, мали сипаници и заушки;
- вакцина против варичела;
- пневмококната вакцина;
- менингококна вакцина;
- Тип B хемофилусна вакцина.
3.Хемопрофилактична – препорачливо за оние деца кои имале близок контакт со пациенти со менингитис. Се состои во спроведување кратка антибактериска терапија со лекови од широк спектар.