Исхрана

Дознајте дали сте нетолерантни на јаглехидрати и што значи тоа

Ако сте се бореле со прекумерна тежина во минатото или сè уште ја водите таа битка, постои голема веројатност да сте чувствителни или нентолерантни на јаглехидрати.

Што точно значи тоа?

Изненадувачкo e сознанието дека има луѓе кои се нентолерантни на јаглехидрати и имаат прекумерна физиолошка реакција на шеќери и јаглехидрати.

Копнеат по скроб и слатки, а не можат да се заситат. Тоа пак доведува до прејадување и резултира со брзо складирање на маснотии.

Да, таква силна реакција на јаглехидрати навистина постои и може нарече зависност од јаглехидрати.

Ако се сомневате дека и вие спаѓате во оваа група, постои начин да утврдите дали имате симптоми карактеристични за овој вид преосетливост.

Реклама biskviti za deca

Симптоми

Ако сте гојазни, некој во вашето семејство има дијабетес тип 2, особено родители или браќа и сестри или често копнеете по слатки или скроб, треба да размислите за овој вид пречувствителност и да го проверите.

Јадете кога сте под стрес? Најмногу се дебелеете во абдоменот? Или пак имате потреба да спиете еден час откако сте јаделе грицки или оброк богат со јаглехидрати?

Сите овие работи укажуваат на нетолерантност на јаглехидрати.

Дали кога јадете оброк богат со јаглехидрати, имате проблеми со ограничување на количината? Откако ќе го изедете оброкот често се чувствувате гладни? Ова се исто така дело од симптомите.

Со проверка дали ги имате овие симптоми можете сами да проверите дали имате преосетливост.

Но, тест на крвта е сè уште најдобар начин за дијагноза. Исто така може да поразговарате со лекар. Тоа ќе ви помогне да ја контролирате вашата чувствителност на јаглехидрати, односно да ги внесувате вистинските состојки.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button