COVID-19

Вашиот матичен лекар може да ви закаже тест за ковид-19

Според СЗО постојат три главни симптоми на зараза со коронавирус :

сува кашлица

покачена телесна температура

отежнато дишење.

Останати поретки симптоми: замор, малаксаност, болка во мускули, главоболка, треска.

Реклама biskviti za deca

Доколку почувствувате некој од овие симптоми телефонски контактирајте го вашиот матичен лекар.
Ќе ви бидат поставени неколку прашања во склоп на епидемиолошка анкета, според  кои со помош на алгоритам се проценува дали ви е потребен тест и колкава е итноста за истиот.
Потоа вашиот лекар го закажува тестирањето преку „Мој термин” на некој од пунктовите според вашето место на живеење.
На тестирањето најдобро е да одите заштитени, со маска и ракавици, да одите сами доколку сте во можност и да не користите јавен превоз.
Резултатите се готови најчесто за еден ден и врз основа на нив, во консултација со инфектолози и епидемиолози се донесува одлука за натамошно лекување и згрижување на заболените лица.

За да избегнете ваква ситуација и да бидете здрави и безбедни, останете дома и почитувајте ги мерките за заштита и превенција.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button