Естетски сјајна и мазна кожа е нешто што секој од нас го посакува. Проблемите со брчки, акни, отворени пори, сува и испукана кожа се секојдневие. Затоа ви препорачуваме неколку масла кои се ефикасна алтернатива при нега на вашата кожа.
Арганово масло
Маслото од арган познато како „течно злато”, се користело со векови против сува и испукана кожа. Маслото е исклучително богато со витамин Е кој е антиоксиданс и на тој начин и помага на кожата во борбата против слободните радикали, кои се број еден причина за прерано стареење на кожата. Арган масло е исто така богато со токофероли и масни киселини, како што е линолонска киселина кои ја подобруваат еластичноста на кожата на лицето.
Употреба: Арганово масло е идеално масло за лице со анит ејџинг ефект.
Секогаш е најдобро да го нанесувате маслото додека кожата на лицето е сè уште малку влажна, бидејќи тоа и помага на кожата побрзо да го апсорбира маслото.
Кокосово масло
Кокосовото масло не е само што е неопходна состојка во вашата кујна, туку е и идеален крем за кожа. Маслото од кокос има антибактериски и антивирусни својства и продира во кожата многу брзо. Кога се нанесува на кожата, кокосово масло штити од микробни инфекции кои можат да навлезат во отворени рани или дури и преку порите.
Употреба: Кокосово масло е веројатно најефикасната природна крема за тело.
Користете го кокосово масло како крема за тело за да добиете мека кожа. Исто така може да се користи и како крема за раце.
Масло од шипка
Маслото од шипинка се нарекува „кралица на маслата”, бидејќи неговите благотворни дејства не само што се во голем број, но и позитивните ефекти се брзо видливи.
Маслото од шипинка е богато се витаминот А кој што е многу важен витамин за побрзо заздравување на кожата од секакви рани и лузни.
Mаслото е исто така богато со омега-3 масни киселини и со тоа и помага на кожата во побрзо обновување.
Употреба: Маслото од шипинка исто како и маслото од арган е идеално масло за лице. Нанесете го навечер на влажна кожа, а за неверојатен ефект комбинирајте ги маслото од шипинка и аргановото масло. Нанесете само по неколку капки од секое.
Исто така може и да се користи и како крема после бричење бидејќи и помага на кожата побрзо да заздравее од исекотини.
Користете масло од шипинка секогаш кога ќе сакате да го забрзате заздравувањето на кожата од исекотини, акни и сончеви изгореници
Масло од сусам
Маслото од сусам секогаш имало централна функција во традиционалната алтернативна медицина. Маслото, исто како и маслото од кокос има антибактериски својства. Со тоа и помага на кожата во борбата против акни.
Употреба: Маслото од сусам се користи за традиционална масажа која што се нарекува абјанга. Во овој тип на масажа се користи затоплено сусамово масло и со посебни движења се масира целото тело.
Oвој вид на масажа е вид на ритуал кој што се препорачува да се прави наутро пред туширање. Оваа масажа не само што ја подобрува циркулацијата на крвта, но и нанесување масло на кожата пред туширање и помага на кожата да се хидрира особено во сувите и студени зимски месеци.
Негата за нашето тело воедно е и релаксирачка. Затоа пронајдете го најсоодветното масло за вашата кожа и уживајте во видливите резултати.