Носењето маска може да го намали степенот на заразеност од COVID – 19

Носењето маска може да го намали степенот на заразеност од COVID – 19

 

Досега научниците сметаа дека главната придобивка на носење маска е да се заштитат другите луѓе. Сега, сепак, некои почнуваат да шпекулираат дека носењето маска може всушност е и  заштита и за носителот, односно дека маските можат да ја намалат количината на вирус што стигнува до некоја личност, потенцијално доведувајќи до помалку сериозно заболување доколку се заразите. Ова значи дека КОВИД-19 може да може да се шири низ населението, приближувајќи нè до колективен имунитет, без страшни последици. Всушност, носењето маска може да биде една од причините  зошто овој вирус се почесто се јавува асимптоматски.

Како маските ги штитат другите луѓе?

КОВИД-19 се шири преку капки што содржат вирус, кои се ослободуваат кога луѓето зборуваат, кашлаат или дишат. Ако овие капки влезат во устата или носот на друго лице или се вдишат од воздух, тие можат да ја заразат таа личност.

Според д-р Роберт Гари, професор по микробиологија и имунологија, на Медицинскиот факултет во Тулане, маската обезбедува физичка бариера за трансмисија на тие капки. Маските од ткаенина можат да блокираат околу 40 до 60 проценти од капките, додека пак N95 маските, блокираат дури 95 проценти од многу малите честички, вклучувајќи вируси. Маските ги фаќаат овие капки пред да стигнат до други луѓе и да ги заразат.

Како маските можат да ве заштитат и вам ?

Колку сериозно ќе нѐ зафати вирусот зависи од инокулумот (дозата на вирусот), односно колку е поголема дозата, толку побрзо ќе се развијат симптомите и болеста ќе е потешка.

Ако помала количина на респираторни капки се пробијат до носителот на маската, тоа значи дека тие добиваат помала доза од вирусот. Помала доза значи дека, дури и ако лицето се разболи, нема да биде толку сериозен случај.

Покрај тоа, епидемиолошките истражувања на места како  бродовите за крстарење и фабриките за преработка на храна покажуваат повисоки стапки на асимптоматска инфекција по воспоставувањето на задолжително носење на маска. Оваа ситуација се забележува дури и во болниците, односно голем дел медицински работници биле асимптоматски заразени, благодарение на маските. Многу земји кои имаат воведоа задолжително носење на маска се справиле подобро во одржувањето на бројките за сериозни случаи, однсно многу помалку случаи кои завршиле со респираторна подршка и смрт.

Со носењето маска не само што ќе ги заштитите оние околу вас, туку  ќе се заштитите и самите вие! Како што веќе споменавме погоре, помалата вирусна доза е поврзана со помалку сериозно заболување. Маските може да ја намалат дозата, што ќе доведе до поблага или без симптоматска зараза.

Носењето маска игра витална улога додека чекаме развој на вакцина. Со тоа ќе го забавиме пренесувањето и ќе ја намалиме сериозноста на болеста, олеснувајќи го товарот врз општеството.

Бидете одговорни и носете маска, за да се заштитите самите себеси и вашите најмили!


М.Д

Коментари