Фрази кои ги употребуваат манипулаторите за да Ве доведат до лудило

Фрази кои ги употребуваат манипулаторите за да Ве доведат до лудило

Џексон Макенези (Jackson Mackenzie), ко-основач на PsychopathFree, онлајн заедница која ги поддржува жртвите од комуникација со психопати и манипулатори, издвоил пет фрази кои ги употребуваат манипулаторите за да ја разнишаат вашата самодоверба.

1. Претеруваш
Се разбира, сите понекогаш им придаваме премногу големо значење на ситниците. Како и да е, со манипулаторите излегува дека всушност Вие никогаш не сте во право. Манипулаторите намерно ќе го направат она што Ве тера да се чувствувате параноично.
Цел на манипулаторот е да Ве натера да се сомневата во вашата интиуција и да се чувствувате како детектив. Постојано ќе Ви дофлруваат нешто за да се чувствувате вознемирени, а потоа ќе Ве обвинуваат за тоа.

2. Мразам драми
„Мразат драми“, а баш покрај нив секогаш се разигрува по некоја. На почеток, ќе Ве издигнат Вас и вашиот прекрасен лик, но многу наскоро ќе се уморат од тоа. Манипулаторите се патолошки лажговци, сериски измамници и вечни жртви. Манипулаторите намерно предизвикуваат провокации и кога реагирате Bе обвинуваат дека изведувате драма што толку многу ја мразат. А, Вие ќе се чувствувате виновни затоа што реагирате на нивното одвратно однесување.

3. Премногу си чувствителен(на)
Целта на манипулаторите е да Ве испровоцира на емоции. Прво, тие ќе Ве фалат и ќе Ви се восхитуваат, за во одреден момент ќе почнат да Ве игнорираат без причина и ќе ја чекаат Вашата реакција. А, кога ќе изреагирате ќе Ве обвинат во премногу чувствително однесување и прекумерно барање внимание. Ќе Ве навредуваат, понижуваат и критикуваат во форма на шега. Се додека не се налутите. Манипулаторите се способни да Ве направат беспомошни и несигурни во себе, само за тоа им треба време.

4. Ме сфати погрешно
Манипулаторите намерно предизвикуваат провокации. И кога реагирате на провокациите, тие ја превртуваат ситуацијата обвинувајќи Ве Вас во недоразбирањето. Честопати дури негираат дека кажале нешто. Не очајувајте, Вие се сте  разбрале правилно. Манипулаторите едноставно се обидуваат да Ве натераат да се сомневате во самите себеси.

5. Без памет си,пијан/а си,љубоморен/а, луд/а си по мене и тн.
Етикетирањето е омилена алатка на манипулаторот. Според нив сите нивни колеги, бивши љубовници, пријатели или се луди или се алкохоличари или се љубоморни. Не се сомневајте и Вие веќе сте етикетирени, само уште не го знете тоа. Вие ќе стенете уште една алка во нивниот круг на идеализација и уништување на човековата личност.

Единствениот начин да излезете од овој детруктивен однос е едноставно да го прекинете. Не дозволувајте никакви пораки, повици, електронски пораки и дружба на социјални мрежи. Во спротивно, тие ќе сторат сé што е можно и невозможно за да ве доведат до лудило.

Добра вест, ако манипулаторот се обидува да Ве натера да се сомневате во вашата интуиција, тогаш Вие му создавате пробеми. Манипулаторите се обидуваат психолошки да ги уништат сите што можат да ги загрозат нивните илузии за нормален живот. Затоа, кога ќе почнат да „играат игри со Вашиот ум“, сметајте дека правилно сте забележале дека нешто не е во ред со нив.

Лиа Барбун

Коментари