ОРГАНСКИ БИСКВИТИ ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА, ДОСТАПНИ ВО МАРКЕТИТЕ НА ДМ

M-р. фарм. Стефанија Илиева: витамини и минерали, кога и колку да се употребуваат?

Витамините и минералите се супстанции што се потребни во многу мали количини за нормален раст и развој.

Со внесување на природна, разновидна и непреработена храна (овошје, зеленчук) организмот се задоволува со потребите на витамини. Истите не се синтентизираат во организмот, освен витаминот Д.

Витамините се делат во две групи

  1. Липосолубилни витамини ( К, А, Д и Е), растворливи во масти. Овие витамини можат да се задржат и акумулираат во организмот, па затоа треба внимателно да се земаат, бидејќи може да се развие хипервитаминоза.
  2. Хидросолубилни витамини (C, цела голема група од витамин Б и фолна киселина), растворливи во вода, не се задржуваат во организмот, вишокот се исфрла преку урината и најдобро е секојдневно да се внесуваат со преку исхраната.

Препорака

Во трка со брзиот, модерен и стресен начин на живот, преполн со настинки, грипови, бактерии и вируси, нередовна исхрана, се препорачува и суплементација на витамини и минерали.

Но, во време на настинки каде повеќето од пациентите доаѓаат во паника со листа ,,рецепти од витамини” мора да се назначи дека секој пациент е посебна индивидуа.

Секој има посебно заболување и терапија, која може да има било каква интеракција со витамините земени на своја рака. Од друга страна, секој фармаколошки препарат има своја индикација, дејство, дозволен внес, интеракција и начин на употреба.

Суплементација со витамини и минерали не треба да ги надминува препорачаните дневни дози.

Како последен клучен дел помеѓу аптеката и пациентот, фармацевтот мора да го одбере најдобриот од многуте витамини со ист или сличен состав соодветен за пациентот.

Се со цел да не дојде до внес на ист витамин со различна концентрација, а со тоа и можна предозираност.

Додатоците на витамини и минерали во ниеден случај не се форма или замена на здравата и избалансирана исхрана.

Токму поради тоа имаат препорачани дневни дози кои му се потребни на организмот. Постои минимум кој му е потребен на организмот и максимум, кој не смее да биде надминат.

Сите витамини треба да се земаат со или по оброк. Со тоа се зголемува степенот на апсорпција, додека липосолубилните витамини треба да се земаат исклучително со масна храна.

Уште еднаш апелирам да не се надминуваат дневните дози на суплементи. Секако, освен во услови на поставена индикација и препорака од лекар или фармацевт.

 м-р. Фарм. Стефанија Илиева

Exit mobile version