ОРГАНСКИ БИСКВИТИ ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА, ДОСТАПНИ ВО МАРКЕТИТЕ НА ДМ

Дали лековите за спиење можат да го зголемат ризикот од деменција?

Според Центрите за контрола и превенција на болести, 8,4% од сите луѓе постари од 18 години редовно земаат лекови кои помагаат со спиењето. Кај лицата што се постари од 65 години, оваа бројка се искачува на 11,9%.

Како што старееме, поверојатно е да имаме нарушувања на спиењето. Овие промени во спиењето може да се следниве:

Многу постари луѓе земаат лекови за да се обидат да го подобрат квалитетот на нивниот сон.

Сепак, некои, овие лекови може да прават повеќе штета отколку корист, според новото истражување на Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско.

Студијата, објавена во Журналот за Алцхајмерова болест, заклучува дека честата употреба на лекови за спиење го зголемува ризикот од деменција.

„Веќе некое време знаеме дека одредени лекови за спиење како бензодиазепините се поврзани со зголемен ризик од деменција“. – Д-р Перси Грифин, директор за научен ангажман на Здружението за Алцхајмерова болест.

Кои лекови за спиење?

Студијата ја разгледа употребата на неколку различни лекови за спиење, од антихистаминици без рецепт до лекови на рецепт како што се антидепресиви, антипсихотици и бензодиазепини.

Истражувачите регрутирале 3.068 мажи и жени на возраст од 70-79 години, од кои ниту еден немл дијагноза за деменција.

На почетокот на студијата (1997-98), учесниците биле прашани дали земаат лекови кои помагаат со спиење. Истражувачите, исто така, ги прашале колку пати месечно ги земале овие лекови: никогаш, ретко (1 или помалку), понекогаш (2-4), често (5-15) или скоро секогаш (16-30). Им било поставено истото прашање по 3 и 5 години.

За време на истражувањет 617 луѓе (20%) развиле деменција.

Истражувачите објавија дека ова покажало „цврста поврзаност“ помеѓу честата употреба на лекови за спиење и деменција кај учесниците. Тие не откриле врска помеѓу повремената употреба на лекови за спиење и деменција.

Првиот автор на студијата, д-р Ју Ленг од Одделот за психијатрија и бихејвиорални науки на Универзитетот во Калифорнија предупреди дека нивните наоди не докажуваат дека лековите за спиење предизвикуваат деменција.

„Треба да бидеме внимателни кога имплицираме „каузалност“. Можеби самите лекови за спиење не го зголемуваат ризикот од деменција, но честото користење на лекови за спиење може да биде показател за нешто друго, на пр. депресија, која исто така придонесува за зголемен ризик од деменција“ вели д-р Ју Ленг.

Како да го подобрите спиењето без лекови

Квалитетен сон е од суштинско значење за физичкото и менталното здравје. За уѓето на возраст од 18 до 60 години се препорачува да спијат најмалку 7 часа, а корисни алатки за ова се:

Exit mobile version