Леколид-природен производ за терапија на ендометриоза

Леколид-природен производ за терапија на ендометриоза

Леколид е природен производ, додаток на исхрана, со патентирана активна технологија за терапија на ендометриоза.

Компоненти на Леколид делуваат синергистички на симптомите на болеста:

Куркума или индијски шафран, припаѓа во билките класифицирани како GRAS-Generlly Recognized As Safe Substances, односно супстанци кои генерално се признати како безбедни.
Активните супстанци куркумин и куркуминоиди делуваат така што го спречуваат растот и ширењето на ендометриозното ткиво. Куркумата има и антиинфламаторно и антиоксидативно дејство, значајно при контрола на болката и другите симптоми на ендометриоза.

Кверцетин припаѓа на флавоноидите и како и куркумата, спречува раст на ендометриозно ткиво, делува антиинфламаторно и антиоксидативно. Кверцетин во Леколидот потекнува од екстракт од јапонски багрем.

N- ацетил-цистеин (NAC) е форма нa L-цистеин познат по своето антиоксидативно дејство. Води до забележливо намалување на ендометриозните цисти.

Како дејствува?

Леколид има трократен механизам на дејство ( куркума,кверцетин и NAC). Безбеден е и ефикасен во намалување на инфламација и пролиферација, на ектопично еднометриозно ткиво, кои даваат симптоми на болка при оваа болест.

Леколид се препорачува кај :

  • пациентки кои не можат да користат нестероидни антиинфламаторни лекови, стероидни лекови, андрогени или антиестродени заради компликации,
  • пациентки кои биле изложени на аблациона хирургија, лапароскопија и лапаротомија,
  • пациентки кои примале фармаколошка адјувентна терапија.

Дозирање и употреба

Една таблета дневно со лажичка маслиново масло или во тек на оброкот, за да се подобри апсорпсија на активните состојки.

Препорачана доза : 1 таблета дневно во циклус од 3 месеци.

 

Пред употреба консултирајте се со вашиот гинеколог.

Коментари